03 Мај, 2024
0.0291

Дури 174 наши сограѓани за една недела ја изгубија битката со короната, сепак помалку од претходната за 5,4 отсто

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 7 до 13 декември 2020 година тестирани се вкупно 15.857 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, намалување од 9,2 отсто во однос на минатата недела. 

Во истиот период регистрирани сe 5.518 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што претставува намалување од 14,6 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.296; 41,6%), со неделна инциденца – 371,7/100.000.

Во периодот на известување процентот на позитивни од тестирани случаи на SARS-CoV-2 изнесува 34,8 отсто, намалување од 2 отсто во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=1.503, 27,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години (n=1.042; 18,9%), 50-59  (n=1.040; 18,8%), 40-49 (n=1.030; 18,7%) и 20-29 (n=648; 11,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=73; 1,3%) и 10-19 години (n=182; 3,3%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, регистрирани се 5.313 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 0.2% повеќе во споредба со минатата недела.

Пријавени се 174 смртни случаи, со намалување од 5,4 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 142 лица биле над 60 години, 24 лица на возраст од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по два случаи од возрасните групи од 20-29 и 30-39 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 7 до 13.12.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/

Можеби ќе ве интересира

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ