Дурловски: Се двоумам за амнестијата
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2018
Игор Дурловски за Пресинг ТВ вели дека се двоуми дали да побара амнестија според новоизгласаниот закон.
Обвинетиот за поотикнување на упадот на толпата на „крвавиот четврток“ во Собранието конечната одлука ќе ја донесел до сабота или најдоцна недела.
- Се уште сум 50:50 дали да го сторам тоа, изјави за Пресинг Тв, Игор Дурловски.
Оперскиот пејач е еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, кој е меѓу 33-та обвинети за тероризам за настаните во Собранието од 27 април минатата година.
Пратениците завчер, со 95 гласови „за“ и ниту еден против, го донесоа Законот за амнестија, што се однесува за учесниците во настаните.