Дурмиш Белули ќе се брани од слобода за несреќата кај Ласкарци
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2019
Дурмиш Белули ќе се брани од слобода за трагедијата која кај Ласкарци однесе во смрт 16 лица.
Сопственикот на автобуската компанија „Дурмо турс“ е пуштен да се брани од слобода со гаранција а од притвор излего уште претходната недела.
Јавноста за ова дозна денеска на рочиштето а на сопственикот му е одземен и пасошот, покрај тоа што треба да се јавува на суд, забрането му е и приближување и контакт со оштетените и обвинетите во судењето за автобуската несреќа.
Белули не смее да врши работни активности ниту пак да користи сертификат од областа на транспортот.
За трагедијата кај Ласкарци ОЈО покрена обвинение против шест лица, а меѓу обвинетите се раководителот на возниот парк на гостиварската компанија, тројца вработени во станицата за технички преглед и возачот на автобусот.