ДВАТА КОШМАРИ НА ВУЧИЌ: Освен Косово што друго го мачи?
Објавено во: Балкан 16 Март, 2018
За српскиот претседател Александар Вучиќ, нискиот наталитет и прашањето со Косово се најголеми проблеми со кој државата денес се соочува.
Бројките за падот на наталитетот вели дека се негов кошмар.
„Секој ден сме за 107 лица помалку. Секој ден губиме по 107 лица и затоа мора да направиме сѐ за да го зголемиме наталитетот“ - вели Вучиќ.
Српскиот претседател најави дека ќе одржи состанок со министрите за да ја претстави својата нова програма за поттикнување на раст на наталитетот.
И Косово е еден од најголемите проблеми за Вучиќ.
„Нека ми покаже некој каде пишува дека Косово има право на војска. Кога ќе го прашам ова-тишина! Како мачка да им го изела јазикот. Не може сѐ да постигнат на сила“ - вели Вучиќ.
Населението во Србија забрзано старее. Некои прогнози говорат дека Србите со падот на наталитетот ќе изгубат територија поголема од онаа на Косово.