Две земји меѓусебно си ги повлекуваат амбасадорите
Објавено во: Свет 06 Април, 2018
Владата на Панама соопшти дека ќе го отповика својот амбасадор во Венецуела и побара од Каракас да го повлече својот дипломатски претставник од Панама, со што ескалираат тензиите меѓу двете земји.
Властите во оваа земја синоќа потврдија дека таквиот потег претставува одговор на одлуката на Венецуела да ги прекине трговските односи со повеќе панамски официјални претставници и компании, вклучувајќи ја авиокомпанијата „Копа“ и претседателот Хуан Карлос Варела, поради наводна вмешаност во перење на пари.
Минатиот месец Панама го стави венецуелскиот претседател Николас Мадуро на листа на граѓани кои ги смета за „високо ризични“, кога станува збор за перење на пари.