29 Април, 2024
0.0269

Џафери до Иванов: Не си посилен од законодавната власт

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Собранискиот спикер Талат Џафери му порача на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов да не се меша во законодавната власт, по реакцијата на шефот на државата за неговото заобиколување при денешното објавување на Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација на Преспанскиот договор во „Службен весник“ без негов потпис на указите.

„Потпишав два укази со соодветните текстови и ги испратив во Службен весник за нивно прогласување. Дополнително објаснив со фуснота за истите зошто имаат само мој потпис. Според процедурите, Уставот не е испочитуван од претседателот на Македонија. Тој како извршна власт не може да се меша во работите, ниту е над законодавната власт . Тоа се мои надлежности и му дадов доволно време за двата укази - една година за првиот и шест месеци за вториот.  Очигледно е дека ги помешал лонците, не може тој да поведе постапка против законодавната власт, туку може обратно“, изјави Џафери на дел од новинарските прашања на денешната прес-конференција.

Додаде дека постои законски временски рок од шест месеци Собранието и државни институции да ги извршат измените од Законот за употреба на јазиците со кој албанскиот станува втор официјален во државата.

- Таму постојат предвидени рокови кои институции до кога имаат време да ги спроведат измените, но генерално станува збор за шест месеци - рече Џафери.

Додаде дека истовремено со првиот и вториот круг од претседателските избори на пролет ќе се спроведат и локални избори за градоначалници на Охрид, Дебар и Ново Село.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце