Џафери тврди дека не го “спасувал“ Трајко, Рускоска му порача - „нека му ја мисли“
Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2019
Шефицата на обвинителството за организиран криминал му упати директна порака на собранискиот спикер Талат Џафери.
Таа вели дека Собранието ќе биде одговорно ако екс спикерот Трајко Вељаноски се обиде да напушти државата а е под истрага за случајот 27 април.
Обвинителката заТелма потенцира дека нема да бара мерки за следење на Вељаноски а ако тоа се случи таа вели дека Собранието ќе биде одговорно.
Се уште не е закажана седницата на која треба да продолжи дебатата за имунитетот на пратеникот а токму тоа ја раздрма коалицијата на СДСМ и ДУИ.
Во последната комуникација со јавноста Џафери истакна дека не го „спасувал“ Трајко Велјаноски. Седницата за одземање на имунитетот на неговиот претходник ја прекинал поради нарушување на редот во салата и се повика на Деловникот.