30 Април, 2024
0.0249

ЏЕК МА ПРЕДВИДУВА: Ќе работиме 4 часа, 4 дена неделно ...ако не се завојува

Објавено во: Стил 24 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Луѓето ќе работат многу помалку за три децении отколку денес, вели Џек Ма, основачот на Алибаба.

„Луѓето ќе работат само четири часа дневно, а можеби и само четири дена во неделата. Мојот дедо работел 16 часа дневно на полињата ( и мислел дека е многу зафатен). Работиме сега осум часа, пет дена во неделата и мислиме дека сме презафатени“, рекол Ма.

Неговите предвидувања се надополнуваат со оние кои ги изнел познатиот економист Џон Маинард Кеинес, кој рекол дека во 2030 работната недела ќе биде околу 15 часа, бидејќи роботите полека ќе почнат да ги менуваат работниците.

„Првата технолошка револуција ја предизвика првата светска војна, втората предизвика Втора, а ова е трета технолошка револуција“, вели Ма и истакнува дека често патува како би ги предупредил светските лидери брзо да делуваат бидејќи верува оти кровот треба да се поправи додека е уште во функција.

Ма исто така предвидува дека луѓето ќе може да патуваат до поголем број дестинации отколку сега.

„Во просек, сега луѓето посетуваат околу 30 места. Триесет години подоцна ќе бидат веројатно 300“.