26 Април, 2024
0.0318

Џорџо Монтефоски на Саемот на книгата

Објавено во: Стил 04 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

АРС СТУДИО со организиран настан, а во соработка со Италијанската амбасада, ќе го збогати ова искуство. ќе го збогати Саемот на книгата што се одржува во СРЦ „Борис Трајковски“.

Денеска во 14 часот е промоцијата на книгата Татковата куќа од авторот Џорџо Монтефоски и средба со авторот. Татковата куќа е ремек-дело на авторот Џорџо Монтефоски, во кое целото дејство се одвива во Рим. Во еден семеен лавиринт се вкрстуваат нишките од минатото и сегашноста. Трогателната нарација на Монтефоски достигнува апсолутни стилски врвови. Од перспектива на главниот лик е опишан животот на три генерации, нивните копнежи, радости, загуби и заемни семејни врски.

„Арс студио ве очекува на својот штанд, на 30-тиот јубилеен Саем на книгата, каде што ќе имате можност да го изберете вашето омилено дело од одличниот избор на книжевни дела и книги од областа на историјата, филозофијата, психологијата“, се вели во поканата.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти