06 Мај, 2024
0.0249

ЕБОР и ЕУ ги поддржуваат МСП во Северна Македонија преку Шпаркасе Лизинг

Објавено во: Економија, Мои пари 13 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Кредит од милион евра за малите бизниси кои сакаат да се стекнат со возила и опрема на лизинг

· МСП во Северна Македонија ќе можат да земат под лизинг електрични возила и друга опрема

· ЕБРД одобри кредит од €1 милион на Шпаркасе Лизинг во Северна Македонија од  Програмата за Поддршка на конкурентноста на МСП за Западен Балкан

· ЕУ ја поддржува програмата која има за цел усогласување на компаниите со ЕУ стандардите

· Прв лизинг проект на ЕБОР во Северна Македонија

Малите и средни претпријатија (МСП) во Северна Македонија ќе имаат корист од новото финансирање обезбедено од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со цел да инвестираат во комерцијални возила и опрема со повисоки стандарди, задоволувајќи ги ЕУ Директивите во областите на заштита на човековата околина, здравје и безбедност на работното место, како и квалитет и безбедност на производите.

Ова е прва инвестиција на ЕБОР во лизинг секторот во земјата. Банката го одобри кредитот од €1 милион на Шпаркасе Лизинг, компанија во сопственост на постоечкиот клиент Шпаркасе Банка Македонија, која е дел од Ерсте Групацијата, со повеќе од 4% удел на пазарот во Северна Македонија.

Поголемиот дел од финансирањето ќе биде поврзано со поддршка на еколошки проекти кои ги намалуваат емисиите на гасови создавајќи ефект на стаклена градина. МСП ќе можат да го прошират и подобрат работењето преку овозможување на лизинг за камиони, автобуси, електрични и хибридни возила кои го задоволуваат ЕУРО-6 стандардот и опрема за градежништво согласно ЕУ регулативите.

Оваа поддршка доаѓа од Програмата за поддршка на МСП на Западен Балкан, поддржана е од Европската Унија (ЕУ) и се фокусира на подобрување на оперативните и производните стандарди на малите компании, со цел да се поконкурентни на локалните и ЕУ пазари.

МСП кои учествуваат во програмата ќе имаат можност да добијат грант во износ до 15% од сумата на лизингот.

,,ЕБОР е цврсто посветена на поддршката на МСП, кои се клучни економски играчи во земјата и се тешко погодени од панедмијата на корона вирусот. Ова е втората трансакција на Банката од појавувањето на пандемијата и има за цел да го зголеми пристапот до финансии на приватниот сектор во Северна Македонија

Ни претставува задоволство што го потпишуваме нашиот прв проект во лизинг секторот во земјата, и првиот проект воопшто со лизинг компанија во рамките на Програмата за поддршка на конкурентност . Трансакцијата ќе го подобри пристапот на МСП до средства и ќе им помогне да инвестираат во дополнителни ресурси. Ќе ја зголеми нивната свест за поволностите од усогласување со ЕУ стандардите", изјави Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија.

,,ЕУ има мобилизирано пакет итна поддршка во износ од € 66 милиони, во вид на грант за да и помогне на Северна Македонија во справувањето со здравствените и општествено-економските последици кои настанаа од КОВИД-19 кризата. Ова доаѓа дополнително со редовната помош на Унијата наменета за доближување до ЕУ, од која граѓаните и деловниот сектор ќе имаат корист. Од програмата за конкурентност, ЕУ обезбедува 15% грант за кредитите и корисниците на лизинг за МСП. Кај кредитите, ова веќе се покажа како мошне успешна пракса во однос на намалување на трошоците за финансирање на компаниите. Очекуваме и оваа поддршка за користењето на лизинг да биде еднакво атрактивна," изјави Никола Бертолини, Раководител на соработка во Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над €2 милијарди во 132 проекти во земјата.


Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот