Еди Рама: ЕУ се залага за Србија и Црна Гора, не за Албанија и Македонија
Објавено во: Балкан 08 Декември, 2017
ЕУ ги поддржува земјите како Србија и Црна Гора, но не и Албанија и Македонија, и покрај нивната силна посветеност на процесот на евроатланска интеграција.
Oва го изјави албанскиот премиер Еди Рама по Меѓународна конференција за зајакнување на интеграцијата на Западен Балкан во Софија, објави Алсат-М, на албански јазик.
„Ние целосно го поддржуваме фактот дека Србија и Црна Гора веќе преговараат, но цврсто веруваме дека е време и Албанија и Македонија да започнат со преговори. Искрено, тоа е противречно, по начинот на кој јас го гледам. Од една страна имаме сериозна посветеност кон процесот на интеграција, а од друга е дојдено време европската страна да има јасна позиција за нашата иднина, а во исто време недостатокот на почеток на преговорите е разочарувачки", рече Рама.
Премиерот Зоран Заев, изрази дека регионот треба да се обиде да го искористи претстојното македонско претседавање со Унијата.