08 Мај, 2024
0.0241

Еди Рама: Не е важно што ќе се случи меѓу нас, туку меѓу Западен Балкан и ЕУ

Објавено во: Балкан 05 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

„Нашето прашање не е што ќе се случи меѓу нас (на Западен балкан– н.з.), туку меѓу нас  и Европската унија“, изјави денеска во Брисел албанскиот премиер Еди Рама, отворајќи го 18. политички самит за Западен Балкан и ЕУ, организиран од стручната организација „Пријателите на Европа“, заедно со Регионалниот совет за соработка, а со поддршка од Европската комисија, УНДП, Фондацијата Конрад Аденауер и Фондацијата браќа Рокфелер.

- Европската унија е важна движечка сила за Балканот, бидејќи без нејзе регионот не би можел да ги спроведува реформите, и се што се случува е затоа што Балканот сака да биде дел од европското семјество. Ако оваа надеж избледне, работите би можеле да отидат во погрешна насока, објасни Рама на собирот наречен „Западен Балкан на раскрсница: нови предизвици, промена на динамиката“.

Генералниот секретар на Рeгионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ истакна дека Повеќегодишниот акционен план (MAP) за Регионален економски простор на Западен Балкан, а кој беше поддржан од лидерите на шесте земји летоска во Трст, е во центарот на разговорите и е наведен како исчекор кон заедничката цел – пристапување во Европската унија.

-Имаме план за напредок на регионот и сега треба да го спроведеме, изјави Свилановиќ, појаснувајќи дека станува збор за јасен план за подобрување на трговијата, вклучувајќи ја и трговијата со услугите, отстранување на нецаринските бариери, пронаоѓање начини за привлекување странски инвеститори, мобилност на експерти, истражувачи, иноватори, студенти и на крај, од пресудна важност – дигитализација и дигитална интеграција на регионот.

На панелот за економската соработка, како што соопшти РСС, беше изнесен податокот од Извештајот за спроведување на Сратегијата 2020 на РСС, според кој во минатата година е направен пробив во отворањето на нови работни места во шесте земји од Западен Балкан. Само во 2016 г. биле отворени 400 илјади нови работни места, и иако стореното се разликува од економија до економија, се очекува овој тренд да продолжи во оваа и во наредната година.

Генералниот директор во Европската комисија за европска политика добрососедство и проширување Кристијан Данијелсон изјави дека меѓу лидерите од Западен Балкан постои голема посветеност да се направи прогрес во реформите, со цел пристапување во Европската унија.

„Видовме промени на економските модели во во регионот кои се охрабрувачки. Потенцијалот на регионот лежи во регионалната соработка. Во блиска соработка со РСС во моментов работиме на Регионалниот економски простор, бидејќи го гледаме како силен придвижувач на растот и отворање нови работни места, што ќе донесе полза на луѓето. Не станува збор за алтернатива за пристапувањето кон Европската унија, туку за загревање за влегување во Унијата – потенцираше директорот Данијелсон.

Еден од учесниците на панелот „Мисли локлано, делувај регионално“, беше и градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.

Можеби ќе ве интересира

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана