Единаесет термини кои не треба да ги пишувате во вашето CV
Објавено во: Стил 07 Март, 2017
Порталот Glasdoor наведува термини кои не е мудро да ги пишувате во вашето CV.
1. невработен
Датумите каде сте работеле и во кој временски период покажуваат јасно дека сте невработени и нема потреба да потенцирате.
2. грижлив работник
Се знае дека на работа треба да дојдете на време и тоа не треба да се нагласува.
3. амбициозен
Еден погрешен збор може да го наруши вкупниот впечаток.
4. Microsoft Office
Имајте на ум дека познавањето на овој програм не е предност, туку е нешто што мора да го знаете.
5. придавки
Немојте многу да употребувате придавки и да ја китите вашата кратка биографија.
6. синергија
И овој збор не треба да стои во вашето CV.
7. препораки достапни по барање
Ако имате приложете ги, а не да наведувате дека можете да ги обезбедите.
8. јас, тој, таа, нејзино, негово
Ако е пишувана биографијата во трето лице, тогаш ќе звучи чудно.
9. на време
Повторно, точноста на кандидатот се подразбира и не мора да се споменува како некој посебен квалитет.
10. стручњак
Немојте да го користите овој збор, освен ако навистина не сте стручњак.
11. не знам, не можам
И ова е вишок во вашата работна биографија.