Eдна балканска земја ја очекува големо невреме
Објавено во: Балкан 09 Декември, 2017
Издаден е црвен метео аларм за Босна и Херцеговина, а на граѓаните не им се препорачува да излегуваат без потреба.
Ќе дува силен ветер со брзина од 110 км на час на 11 и 12 декември.
Граѓаните треба да внимаваат, да не се движат во близина на дрвја или електрични столбови додека трае невремето.
Жителите на БиХ треба деновиве да ги следат предупредувањата од надлежните служби.