26 Април, 2024
0.0306

Една шолја какао на ден: Благодет за целиот организам

Објавено во: Мои пари 01 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Какаото е познато како растение кое го штити организмот од слободни радикали, го намалува стресот и депресијата, штити од болести на срцето и крвните садови, како и многу видови на карцином. Тоа е одличен извор на железо!

Есенцијалните масни киселини што се внесуваат во организмот преку храната можат во голема мерка да се компензираат со секојдневно пиење една шолја какао на ден. 

Кога купувате какао во прав, обрнете внимание и купете квалитетен и докажан производ од „Кибела“. Само таквото какао има целосен ефект. 

Какаото е моќен антиоксиданс, делува против стресот и заморот, го штити срцето, го регулира крвниот притисок и помага во топењето на маснотиите. Сепак, кога се преработува во чоколада, губи скоро половина од своите хранливи материи. Затоа е добро да се потсетиме на нашето детство и да вклучиме една шолја какао во храната што ја консумираме секој ден.

Поради својата исклучителна хранлива вредност, вареното какао се препорачува на сите. Идеално е за спортисти, млади во развој и деца...

Корисно за срцето и крвните садови

Научниците тврдат дека редовното пиење какао е корисно за кардиоваскуларниот систем. Благодарение на високата содржина на флавоноиди, какаото спречува згрутчување на крвта (формирање тромб), кој доколку стигне до срцето или мозокот, може да предизвика срцев удар или мозочен удар. 

Стимулира концентрација, меморија и добро расположение

Според една американска студија, овој пијалок ја стимулира меморијата и концентрацијата и спречува деменција, бидејќи флавоноидите ја подобруваат циркулацијата и снабдувањето на кислород во мозокот.

Моќен антиоксиданс

Бројни студии покажале дека концентрацијата на антиоксиданти во врелото какао е скоро двојно поголема отколку кај црвеното вино, 2-3 пати отколку во зелениот чај и 4-5 пати отколку во црниот чај. Се препорачува да се пие топло, бидејќи тогаш се ослободуваат повеќе антиоксиданти. Антиоксидансите во какаото ја блокираат активноста на слободните радикали, што го забавува стареењето и го намалува ризикот од дегенеративни и малигни заболувања.

Против стрес и депресија

Веќе со самиот мирис и вкус, овој топол пијалок веднаш го подобрува расположението. Какаото го стимулира лачењето на ендорфин, еден од хормоните на среќа, што резултира во релаксација на телото и ослободување од стрес. Покрај тоа, богато е со магнезиум, кој недостасува кај депресивните луѓе.

Чаша топло какао на ден се препорачува и за оние кои вршат напорна интелектуална работа, заради богатата содржина на фосфор, што го елиминира менталниот замор и исцрпеност.

Покрај ова, какаото помага и при следните проблеми: 

- Зголемен крвен притисок

- Анемија и недостаток на железо

- Ги штити срцето и крвните садови

- Го регулира количеството шеќер во крвта

- Го регулира варењето на храната

- Ги зајакнува фоликулите на косата

- Влијае на здравјето на кожата, така што се додава во кремите и бањата за тело

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет