Едно лице загина при пукање во Германија
Објавено во: Свет 20 Декември, 2016
Еден човек загина и двајца се повредени при пукање во германскиот град Визбаден, соопшти локалната полиција.
Инцидентот се случил во близина на киоск. Полицијата го бара напаѓачот. Тој е маж на взораст меѓу 20 и 30 години. Мотивите за нападот засега не се познати.
Во Берлин синоќа напаѓач удри со камион во толпа која се собрала на базар. Загинаа 12 лица, а десетици беа повредени. Властите во земјата го оценија нападот како терористички акт.