Едукативниот караван на ДИК посети 12 градови
Објавено во: Мои пари 12 Април, 2019
Во пресрет на претстојните Претседателски избори 2019, а со цел едукација на гласачите, Државната изборна комисија организира едукативен и информативен караван во склоп на кампањата „Глас по глас“ низ поголемите општини во државата. Самиот караван во текот на неделата ги посети Велес, Штип, Кочани, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Вевчани и неколку општини во Скопје.
За време на караванот голем број на граѓани пристапија со цел да се запознаат со своите гласачки права, начинот и значењето на остварувањето на правото на глас, како и забраните на гласачките места. Овој пристап на ДИК се должи на заложбите на Комисијата во кампањата да оствари директна комуникација со гласачите, преку која ги пренесува клучните информации до нив.
Во склоп на караванот се делат и едукативни материјали. Секој граѓанин може да се запознае со своите права и со посета на официјалните социјални медиуми на ДИК и тоа Фејсбук фан страната на https://www.facebook.com/drzavna.izborna.komisija/ и Твитер профилот на: https://twitter.com/izbori_mk, но и официјалната веб страна на http://www.sec.mk/.
За повеќе информации граѓаните можат да се јават и на бесплатната телефонска линија 0800 555 444.