05 Мај, 2024
0.0229

Ефикасно слабеење: Наутро – банана, а во текот на денот пијте топла вода 

Објавено во: Стил 14 Август, 2015

Добивај вести на Viber

За слабеење доручкувајте банана, а во текот на денот пијте топла вода во мали количини.

Ова е диета, која е објавена од фармацевтката Сумико и нејзиниот сопруг Хитоши кој ослабел 18 кг. Најважно е наутро да се јадат банани, а во текот на денот да се пие топла вода во мали количини. Резултатите ќе бидат видливи само за две недели.

За појадок можете да изедете повеќе од една банана, најважно е да биде свежа, но да не се прејадувате. Ако поради некоја причина не можете да јадете банани, заменете ги со некакви други плодови. Ако сеуште сте гладни, почекајте 15 минути, па ако продолжите да чувствувате глад, јадете друг плод, но во мали количини.

За ручек и вечера јадете нормално. Се препорачува да не вечерате по 18 часот. Нема посебни правила за ручек и вечера во оваа диета, ниту забранети производи, но важно е да се избегнува пржената храна и да не се прејадувате.

Уникатниот пијалок кој можете да пиете и да се храните за да ослабите, е млака вода во мали голтки.

бода

По 15 часа можете да изедете некаков десерт, на пример, чоколадо или бисквити, но подобро е тоа да биде некој плод.

Пример мени за диетата за слабеење со топла вода:

Појадок: банани, грејпфрут, чаша зелен чај

Ручек: 2 тврдо варени јајца, голема салата со моркови, брокула, кромид, домати и марула

Ужина: јогурт, овошје

Вечера (пред 18 часа): пилешки гради, варени моркови или друг зеленчук