04 Мај, 2024
0.0297

ЕК ОДОБРИ 70 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ВАКЦИНИ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН - ќе има ли побрз старт на вакцинирањето во земјава?

Објавено во: Македонија 28 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Денес, Европската комисија усвои пакет од 70 милиони евра во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) за да помогне во финансирањето на пристапот на партнерите од Западен Балкан до вакцините за КОВИД-19 набавени од земјите-членки на ЕУ.

Комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји рече: „Во текот на целата пандемија, ЕУ покажа дека го третираме Западен Балкан како привилегиран партнер. Продолжуваме да дејствуваме во овој дух и во случајот на вакцините, уште на почетокот преземајќи чекори за да се овозможи брз почеток на кампањите за вакцинација на критичниот персонал и најранливите групи во регионот. Брзата вакцинација ќе биде одлучувачка за ставање крај на пандемијата и започнување на социо-економското закрепнување на Западен Балкан“.

„Пакетот ќе се исплаќа во форма на грантови кои ќе помогнат да се покријат трошоците за вакцините за приоритетните групи во регионот, како и за потребната опрема за вакцинација. Тоа ќе им овозможи на земјите од Западен Балкан да набават голем број вакцини од Договорите за авансна набавка на ЕУ со шест производители, а одделни земји-членки на ЕУ ќе споделат дел од нивните претходно доделени дози“, се вели во соопштението од декегацијата на Европската унија во земјава.

Иако ЕУ продолжува да ја поддржува иницијативата КОВАКС, светскиот механизам за обезбедување правичен и универзален пристап до вакцините за КОВИД-19, кој го потпишаа сите партнери од Западен Балкан, испораката на вакцини според таа шема се очекува да започне подоцна од кампањите за вакцинација во ЕУ. 

„Оттука, пристапот до одреден број дози од договорите за набавка за ЕУ ќе му овозможи на регионот да започне со вакцинација паралелно со земјите-членки на ЕУ“, се нагласува во соопштението.

Комисијата и Европскиот центар за контрола на болести исто така му помагаат на регионот во финализирање на стратегиите за вакцинација во согласност со препораките на Комисијата за да се обезбеди соодветна подготовка на кампањите и непречено давање на вакцините. ЕУ исто така финансира проект со Светската здравствена организација (СЗО) за да помогне во управувањето со логистиката и испораката на вакцините.

Европската комисија е посветена на тоа да обезбеди секој што има потреба од вакцина, да ја добие, каде било во светот. Ова е причината зошто таа веднаш одговори на повикот на СЗО за акција и помогна да се соберат речиси 16 милијарди евра од 4 мај 2020 година во рамки на Глобалниот одговор на коронавирусот, глобалната акција за универзален пристап до тестови, третмани и вакцини против коронавирус и за глобално закрепнување.

Механизмот КОВАКС е столбот за вакцини од Акцелераторот за пристап до алатки за КОВИД-19 (АЦТ), глобална соработка за забрзување на развојот, производството и правичниот пристап до тестовите, третманите и вакцините за КОВИД-19. Досега е објавено дека над 870 милиони евра од ЕУ и земјите-членки на ЕУ се наменети за КОВАКС. КОВАКС има за цел да купи 2 милијарди дози до крајот на 2021 година, вклучително и над 1,3 милијарди за земјите во развој. Тоа ќе помогне да се развие разновидно портфолио на вакцини, да се преговара со различни добавувачи и да се опфатат различни научни технологии, времиња на испорака и цени.

Учеството на ЕУ во КОВАКС е комплементарно со тековните преговори на ЕУ со компании за производство на вакцини започнати според Стратегијата на ЕУ за вакцини. Напорите на ЕУ да развие и произведе ефикасна вакцина ќе биде од корист за сите во глобалната заедница. Инвестицијата на ЕУ во зголемување на производствениот капацитет ќе биде во функција на сите земји на кои им е потребна помош. Преку своите авансни договори за набавка, ЕУ од производителите бара да го направат достапен нивниот производствен капацитет за снабдување на сите земји и повикува на слободен проток на вакцини и материјали без извозни ограничувања.

Комисијата исто така ја координира донацијата на некои дози набавени од земјите-членки на ЕУ на различни партнерски земји со цел да се гарантира нивниот ран пристап до вакцините за КОВИД-19 за здравствените работници и ранливото население сè додека вакцините преку механизмот КОВАКС не бидат пошироко достапни.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава