06 Мај, 2024
0.0241

Екс војникот кој уби 5 лица на аеродром во Флорида пиштолот го носел во торбата

Објавено во: Свет 07 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Поранешен американски војник е напаѓачот на аеродромот Форт Лодердејл во Флорида кој со огнено оружје усмрти 5 лица. Станува збор за повратник од Ирак кој се соочувал со психички проблеми и пострауматски стрес од војувањето. 

Тој е идентификуван како Естебан Сантијаго (26) и е уапсен по пукањето. Сантијаго е роден во Њу Џерси, а служел во националните гарди на Порторико и Аљаска. Во 2010 и 2011 година бил распореден во Ирак и добил повеќе воени признанија пред да биде префрлен во неактивните резервни сили, објави Пентагон, не наведувајќи други детали.

Сантијаго почнал да пука во луѓето во одделот за преземање на багажот во аеродромот Форт Лодердејл.

Сантијаго во ноември минатата година влегол во канцеларијата на ФБИ во Енкориџ на Аљаска и почнал чудно да се однесува, па вработените го предале на полицијата, која го префрлила во ментална институција на психолошка проценка.

Од ФБИ за Ројтерс изјавиле дека Сантијаго на агнетите во Енкориџ им кажал дека неговиот ум го контролира американската разузнавачка агенција која го тера да гледа снимки на Исламска држава.

Сантијаго допатувал во Форт Лодердејл со лет од Аљаска преку Канада со пријавен пиштол во својата торба. Тој ја земал својата торба и отишол во тоалет за да го наполни пиштолот, по што излегол и почнал да пука. Напаѓачот е неповреден бидејќи полицајците не испукале ни еден куршум при апсењето, и засега се смета дека работел сам, соопшти полицијата.


Можеби ќе ве интересира

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија