26 Април, 2024
0.0404

Ексклузивна репортажа за Фактор од Самитот Форбес во Братислава

Објавено во: Мои пари 10 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Како член на Форбс Под 30 клубот, имав можност да комуницирам и да се запознаам со голем број од говорниците, но и останатите присутни членови: од поранешниот Ф1 шампион, а сегашен инвеститор Нико Розберг, до Петер Пелегрини и Андреј Бабиш (почитувани премиери на Република Словачка и Република Чешка).Сепак,  морам да нагласам дека најголем впечаток ми остави самиот Стив Форбс и неговиот завршен говор. Стив Форбс кој е внук на основачот на бизнис магазинот „Форбс‘‘- Берти Чарлс Форбс, е воедно и главен уредник на магазинот „Форбс‘‘, но  и некогашен кандидат за претседател на САД.  Во неговиот инспиративен  говор некои делови ме потсетија на мојата земја Македонија и, како и на одредени работи кои македонското општество потсвесно ги знае, но можеби ги има подзаборавено. Да не должам со објаснувања, повеќе би сакал да слушнете од самиот Стив Форбс.


„Не е злато, не е земја, не e накит вистинското човечко богатство, туку тоа е човечката генијалност. Имате природен ресурс како нафта, но  размислете за тоа? Тоа е само нафта! Лигава материја. Не можете да ја јадете, не можете да ја пиете, не можете да ги нахраните  животните со неа, но сепак беше човечка генијалност што ги претвори овие работи во нешто без  што модерната економија сѐ уште не може да живее . Или пак земете го симболот на новата ера, микрочипот. Што е микрочип? Микрочип е силикон, а силиконот како таков  е само интересен збор за песок. Кој  од вас  знаеше како деца кога сте биле на плажа, играјќи се со песок, дека вие сте имале до вас сурови состојки за нешто што би можело буквално да го доведе целиот свет на вашите прсти. Израел, како што знаете, е во пустината. Дождовите таму се доста ретки. Веројатно претпоставувате дека тие ќе имаат проблем со вода, но тие навистина немаат, зошто? Поради човечкиот ум, се разбира. Имено, Израелците изработија многу софистицираните системи за земјоделството, користат бигорски растенија преку кои  солената вода ја претвораат во употреблива вода. Затоа Израел денес има 10% помалку нето употреба на вода, во споредба со 1948 година, зошто? Тоа е резултат на човечка генијалност и  човечко знаење. 

Но, еден од начините на кој го добивате знаењето е преку експериментирање. Без разлика дали е тоа во лабораторија, на пазарот каде што се обидувате да создадете нови идеи експериментирајќи, гледајќи што функционира и што не функционира. Дури и ако работите не успеат, тоа повторно гради основа за иден успех. Земете ги за пример Apple. Во 1980 година Apple излезе со производ наречен „Њутн.‘‘ Луѓето што го измислија „Њутн‘‘ имаа IQ што можеше да зоврие вода, но сепак производот неуспеа. Иако не успеа, тој неуспех обезбеди технологија што понатаму овозможи да се создадат Ipod, Ipad и Iphone.‘‘

Форбс говореше и за настаните по Втората Светска војна правејки една интересна паралела. 


„Која е разликата помеѓу човечките суштества денес и човечките суштества за време на каменото време? Истите тела, истата планета, истите ресурси, истите апетити, сепак разликата меѓу нив и нас е знаење. Ние знаеме повеќе. Може да имате физичко уништување од војни и природни катастрофи, но ако знаењето не е изгубено, можете брзо да закрепнете. Експертите мислеа дека ќе бидат потребни децении пред светот навистина може да се опорави од таа катастрофа, но сепак за неколку години Западна Европа и Јапонија не само што се совпаднаа со предвоеното ниво на производство, туку и го надминаа, зошто? Поради  знаењето, знаењето не беше изгубено.‘‘

Поентата на овој говор и зошто го поврзувам со мојата земја   е тоа што честопати слушам како н`е не бива; како ние сме мали;  како политичарите ова, политичарите она итн.

Да, голем дел од работите се вистина и не ми се допаѓаат  ниту на мене. Македонија е мала држава со слаба економија и лоша политика. 

Но прашањето ми е следново: Aко Mакедонците се човечки суштества  кои  поседуваат човечката интелегенција и генијалност, која Акција ке ја преземеме за да ги смениме работите?


Бојан Коскаров - ко-основач на Creative Hub и Forbes Under 30 Europe 2019 

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“