02 Мај, 2024
0.0264

Ексклузивно за Фактор од Давос: Форумот „окупиран“ од Американци

Објавено во: Економија 21 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Со безбедност на највисоко ниво и во насока на климатските промени и нивното во иднина финансиско влијание врз нашиот живот започна првиот ден на Давос.

Хотелот Интерконтинентал беше главното место поради настанот на магазинот „Time“ за 100 највлијателни луѓе во светот. Претседателот Трамп и неговиот тим се исто така сместени во Интерконтинентал, а во лобито може да се забележат членови од неговиот најблизок тим.

Како што изјави и претседателот на Р. Србија, Александар Вучиќ, Давос навистина оваа година е окупиран од Американци.


Покрај настанот на магазинот „Time“  бев гостин и на конференцијата за „Инвестиции во нови технологии“ од каде би сакала да пренесам неколку пораки. Финансиските експерти и инвеститори од најголемите куќи и приватни фондови како американецот Мекмилан, и сопственикот на Икеа се насочени кон инвестиции во корелација со климатските промени, но првенствено носат голем поврат на инвестиција. На сопственикот на Икеа му го поставив прашањето „Дали е навистина општествено добро ако првично гледаме колкав е повратот на инвестиција?” на што тој ми одговори „Ако нема повраток на инвестиција тогаш треба да го затвориме фондот.”

Со сопственикот на Ајакс инвестиции, за кои се верува дека се највисоко рангирана инвестициска компанија во однос на инвестиции кои се одржливи и имаат позитивно влијание врз општеството разговаравме за факторите на кои се фокусираат инвеститорите при селекцијата. Она што тој ми го посочи како фактор еден при оцена е дали е дел од дваесет и четирите цели на Обединетите Нации за одржливост. После тоа оценката се базира на податоци, регулации во земјата каде се инвестира и трошокот на капитал.

Други интересни моменти кои сметам дека се интересни да се споделат со читателите во прилог:

Џеф Безос е главен инвеститор во нов вид на апче „Unity” за кое се верува дека ќе го продолжи животот за 25 проценти.

„Инвестирај во Саудиска Арабија” и бројни штандови со претставници на владата може да се сретнат на секое ќоше на Форумот. Одличен пример на вистинско место во вистинско време, Арапите навистина знаат како да го искористат Давос за привлекување нови инвеститори.

Се запознав со Ариф Кан, основач на „Althea Artificial Intelligence” кои воедно и ќе бидат наши гости на годинешниот Балкански претприемачки самит во септември. Она што тие го прават преку вештачка интелегенција е да го рекреираат гласот на некој дури и 100 години од сега. Како што изјави Ариф „Сите ние имаме баба и дедо кои денес не се со нас, но преку платформата на Althea можеме да го рекреираме нивниот глас и да го имаме како наследство за идните генерации“.


И за крај би сакала да завршам со нешто исто така интересно, не знам колку од вас имале можност да ја посетат Јордан, земјата позната по историскиот град Петра и мртвото море, но Јордан е исто така и една од најсиромашните земји во светот. Оваа земја влегува во партнерство со рускиот стартап „Vimana“ кој до сега има собрано 10 милиони евра инвестиции за развој на авиони-дронови со целосни инсталации како посебни дронодроми. 

За Фактор од Светскиот Економски Форум во Давос, Аријана Коскарова, Форбес под 30 и спикер на годинешната конференција во Давос


Можеби ќе ве интересира

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање