07 Мај, 2024
0.0254

Ексклузивно за Фактор од Кашмир: Се заканува и нуклеарна војна ако има одмазда од Индија

Објавено во: Свет 28 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Фактор ексклузивно имаше можност да разговара со пакистанскиот новинар и уредник Валид Тарик кој пишува за The Express Tribune, најголемиот весник во Пакистан на англиски јазик со милионски тиражи. Тарик ни ја пренесува ситуацијата во областа Кашмир каде постои голема можност од избивање на голем воен судир меѓу Пакистан и Индија, две нуклеарни сили, кои со децении водат спор за оваа област, каде свој дел има и Кина. Вчерашните напади во Кашмир следеа откако индиските воздухопловни сили спроведоа акција за таргетирање на терористички цели и се одмаздија за крвав самоубиствен напад на пакистански милитант кој уби 40 парамилитарци во индискиот дел на областа. Со Тарик разговаравме за можноста за ескалација на воените судири при што дури и нуклеарна војна како опција не е исклучена, но и за ставот на младите генерации на двете земји кои посакуваат траен мир. Прочитајте го ексклузивното интервју со Валид Тарик кој работи во областа на домашна политика, економија и слобода на печатот како уредник во The Express Tribune, за тоа како инцидентите во Кашмир се закана за светската геополитика.

Фактор: Каква е моменталната состојба во Пакистан? Има ли можност за продолжување на воените акции?

ТарикВоена хистерија ја зафати Индија откако млад човек од индискиот дел на Кашмир се заби со возило полно со експлозив во воен конвој во Пулвама областа при што уби 40 парамилитаристи. Њу Делхи ја посочи вината единствено врз Пакистан. Но, нашиот премиер Имран Кан, ги одби обвинувањата и на својот индиски колега Моди му понуди да го истражи инцидентот со споделување на информации од разузнавачките служби со Исламабад. Индија, сепак реши да го наруши воздушниот простор на Пакистан и тврдеше дека извршиле „хируршки“ напади длабоко во пакистанскиот регион Балакот, во Кибер Пактукава провинцијата.

Индискиот министер за надворешни работи тврди дека е елиминиран терористички камп на групацијата Џаиш-е-Мухамад, забранета организација која се верува дека е одговорна за нападите на 14 февруари во Кашмир. Следејќи ги инцидентите Советот за национална безбедност предводен од премиерот на Индија вети дека ќе одговори на неиспровоцираната агресија, во „време и место“ кои сам ќе ги одбере. Потоа пакистанските воздушни сили соборија два индиски воени авиони кои го нарушија нашиот воздушен простор и беше заробен еден индиски пилот. Нашиот премиер, Министерството за надворешни работи и војската изјавија дека единствена цел на воената акција е да се демонстрира способноста да се одбрани нацијата.

Имран Кан и понуди на Индија да ги решат разликите преку разговор и да спречат дополнителна ескалација на состојбите. Воено-цивилното лидерство исто така објасни дека нема простор за нови воени акции од наша страна. Секако, ако има нова одмазда од Њу Делхи постои можност за нуклеарна војна. Меѓународната заедница мора да преземе мерки, да се вклучи во спречување на веќе нестабилната ситуација од дополнително излегување од целосна контрола.

Фактор: Премиерот на Пакистан Кан го повика својот индиски колега на дијалог и побара да сопре ескалацијата. Очекувате ли индиската страна да одговори со дипломатија или со нови воени акции?

Тарик: Два индиски воени авионa беа соборени. Еден пилот е уапсен. Постои голема можност дека Индија ќе се обиде да одговори на ист начин. Останува да се види како најголемата демократија во светот ќе реагира. Во моментов како што разговараме, се одржуваат состаноци на највисоко ниво во индиската престолнина. Нашето лидерство даде пораки за мир. Се надевам дека разумот и хуманизмот ќе преовладеат. Нека кажат НЕ на војната.

Фактор: Како овој конфликт ќе се рефлектира на политичката клима во Пакистан?

Тарик: Нападите на 14 февруари во Пулвама и последователното нарушување на пакистанскиот воздушен простор резултира со тоа политичката јавност да се обедини во еден глас – да се одбрани суверенитетот на државата и потполно да се поддржат вооружените сили.

Домашните теми, како што е економската криза која се должи на лошите перформанси на владејачката пакистанска партија Техрик-е-Инсаф се засенети од овие настани.

Фактор: Што мислат младите луѓе на Пакистан и Индија едни за други, постои ли тензија или пак обиди да се доближат двете нации поблиску?

Тарик: Младите луѓе како и насекаде во светот се страствени и имаат тенденција да бидат вовлечени во воената реторика. Бидејќи Пакистан веднаш не презема контра мерки за освојување на индиски воздушен простор, младината повика на одмазда. Сепак, сега милениумската генерација уште еднаш повикува на мир. Слични прокламации стигнуваат и од Индија со хаштаговите #saynotowar и #PeaceNotWar кои се најголем тренд на Twitter и во двете држави. Политичари, славни личности, групи за човекови прави и корисници на социјални мрежи ги повикуваат владите на двете држави да се воздржат од дополнителни воени конфронтации.

Фактор: Кашмир е една од „најжешките“ точки во светот со присуство на три нуклеарни сили, Пакистан, Индија и Кина. Колку е важно за светскиот мир и геополитичките динамики на глобално ниво?

Тарик: Џаму и Кашмир се суштина на проблемот кој се заканува на долготрајниот мир во Југоисточна Азија. Продолжувањето на страдањата на луѓето од Кашмир и повредите на човековите права во окупираната долина може да имаат катастрофални последици врз регионалниот мир. Ако избие војна, има потенцијал да ги вовлече светските сили во загрозување на светскиот мир.

Фактор: Колку голема закана е тероризмот во Пакистан, индиската влада истакна дека нападот бил извршен врз терористички камп?

Тарик: Тероризмот беше тешко прашање за Пакистан до неодамна. Ние претрпевме повеќе од 70.000 жртви покрај огромните загуби за националната економија. Затоа воените акции вклучувајќи ги Зарб-е-Азб, Рад-ул-Фасад и Националниот акциски план беа преземени и имплементирани. Затоа, терористичките напади во земјата драстично се намалени со интернационални иницијативи и инвестиции како на пример враќањето на Кинеско-Пакистанскиот економски коридор. Пакистан, кој често е обвинет дека поддржува милитанти, ја негира било каква поддршка за групи кои не се поврзани со државните органи. Регионалниот мир може да се гарантира само со решение на прашањето за Кашмир, како и да се стави крај на 17 годишниот воен конфликт во Авганистан.


Х.С.

Фото: Ројтерс

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта