ЕКСПЛОЗИЈА ВО ТУРЦИЈА: Повеќе од четири лица се повредени
Објавено во: Балкан 11 Април, 2017
Повеќе од четири лица се повредени, од кои едниот е во критична состојба, во денешната силна експлозија што се случи во одделот за ремонт на оклопни возила во полициската база во Дијарбекир.
Експлозијата се случила околу 1.45 часот, по локално време, во општината Баглар, каде што се наоѓа полициската база.
Несреќата се случила при ремонт на блиндирана машина.
При експлозијата е урнат покривот на зградата и околу базата се создава густ чад.
На местото интервенира турската полиција.
Причината за несреќата заасега не е позната.