29 Април, 2024
0.3639

Електромонтерите на МЕПСО и екологистите од „Аквила“ поставуваат платформи за гнездење на Царскиот орел

Објавено во: Мои пари 19 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Електромонтерите на МЕПСО во соработка со активисти на здружението за зачувување на природата „Аквила“ од Кавадарци поставуваат  10 нови  платформи за гнездење на Царскиот орел (Aquila heliaca) на столбови од 400 киловолтниот далекувод што ги поврзува електропреносните системи на Македонија и на Србија. Царскиот орел е  глобално загрозен вид и е во црвените книги на видови во исчезнување на европско и светско ниво. Кај нас, како и во сите европски земји каде што се среќаваат, Царските орли се заштитени со закон и се превземаат сериозни мерки за зачувување на постоечката популација.

Оваа акција е петта по ред од 2012 година до сега. Акциите за поставување платформи за гнездење на Царски орли се организирани на различни далекуводни коридори во преносната мрежа на МЕПСО. Во периодот од 2012 година до сега се поставени повеќе од педесет платформи за гнездење на различни локации на далекуводни столбови во Овчеполието и во Повардарието, каде што живеат Царските орли кои што се степски вид на птици.  Платформите за гнездење се поставуваат на соодветно место од конзолата на далекуводниот столб со што  трајно се решава проблемот за гнездење на птиците, а при тоа да не предизвика пречки на системот за пренос на електрична енергија. Од платформите што се поставени досега е утврдено дека во пет се вгнездени Царски орли. Тоа е добар успех доколку се земе во обзир дека Царските орли се територијални птици и потребно е подолго време новоформирани двојки да  пополнат нова територија  или  да се преселат постоечките двојки на нова територија. Поставувањето на платформите за гнездење е дел од проектот за зачувување на царските орли во Македонија  финансиран од фондацијата “Rufford” од Англија. Овој проект неколку години го спроведува Здружението за Зачувување на Природата – Аквила од Кавадарци во соработка со МЕПСО и со ЕВН Македонија.

Интенција на управниот одбор на МЕПСО е секогаш со сите расположливи ресурси да помага граѓански иницијативи кои се однесуваат на заштита на животна средина, флора, фауна и за зајакнување на општествено- корисни практики.  Платформите претставуваат замена за природните гнезда на царските орли. Популацијата на царскиот орел бележи благ пад на национално ниво. Неговиот број во Македонија е намален и како последица на усмртување од електричен удар (електрокуција), труење и намалување на достапните извори на храна (глодари, влекачи и мрши од депонии).  Со превземените мерки екологистите од „Аквила“ очекуваат да се зголеми  популација на Царски орли во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024