ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево
Објавено во: Македонија 29 Април, 2024
На верскиот празник Цветници, во пресрет на Велигден, вчера беше осветен крстот во Драчево, висок 63,5 метри.. Церемонијата на осветување на крстот ја предводеше поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. На настанот присуствуваа градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, како инвеститор на објектот, и голем број на граѓани.
Во моментот кога се чекаше да блесне осветлувањето на крстот, под него стоеја многумина со бакљи кои одбројуваа и со песната „Заветна“ го очекуваа осветлувањето.
Погледнете го моментот на палењето на светилките.