Добивај вести на Viber
Хартиените билети за автобусите на ЈСП си заминуваат во историјата. Наскоро ќе се воведе електронски систем за наплата кој ќе го прави турската компанија „Кенткард“. Новите смарт билети ќе се користат и во јавите и во приватните автобуси, а нив граѓаните ќе ги купуваат на специјални пунктови и ќе може постојано да ги надополнуваат.
За таа цел ќе се постават и три автомати за издавање картички. Проектот предвидува инсталирање на валидатори во сите автобуси од јавниот превоз во Скопје, уреди кои со доближување на картичката ќе ја одземаат потребната сума за наплата на возењето.
Проектот треба да финишира за девет месеци, а покрај „Кенткард“, свои понуди на тендерот доставија и „Т-Мобиле“, чешката „Микроелектроника“ и норвешката компанија „Бро-ог тунел-селскапет“.
Ова не е прв ваков обид за замена на хартиените билети за автобусите. Пред 5 години, во дел од приватните автобуси низ Скопје беа поставени читачи, а граѓаните плаќаа со смарт картичка која тогаш се нарекување „Моја карта.“ И покrај најавите дека системот ќе профункцонира кај сите приватни, а потоа и кај автобuсите на ЈСП, проектот по кратко време доживеа фијаско.