06 Мај, 2024
0.0236

ЕЛЕМ ќе набави 29,7 гигават часови електрична енергија

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Со оглед на интересот на јавноста за состојбата со производството и снабдувањето со електрична енергија, АД ЕЛЕМ ја известува јавноста дека во текот на денешниот ден, 05.10.2017г., ќе биде распишан повик, а на 10.10.2017г  ќе биде одржана аукција за купување на 29,7 GWh електрична енергија за потребите на тарифните потрошувачи (домаќинствата и помалите индустриски потрошувачи). 

Количината на електрична енергија што е планирана да се купи во октомври е наменета за ноември, кога ќе биде зголемена побарувачката на електрична енергија поради грејната сезона, а производството на АД ЕЛЕМ во тој период ќе биде недоволно поради тоа што еден блок на РЕК „Битола“ се уште ќе биде во ремонт, во РЕК „Осломеј“ се уште траат подготвителните активности за почеток на производството и за дополнителен ископ на јаглен кој досега не бил обезбеден, додека  хидроелектраните не располагаат со доволно акумулации за потребите на производството во зимскиот период.

Дополнителното количество електрична енергија потребно за ноември АД ЕЛЕМ го набавува еден месец порано со цел со навремениот повик до фирмите увозници да обезбеди подобра конкуренција и  пониска цена.

За увоз на електрична енергија за втората половина на 2017г. претходното раководство на компанијата предвидело  8 милиони евра, сума која сегашното раководство планира да ја намали преку планско и навремено купување на потребните дополнителни количини по најповолницени во следните 2 месеца, колку што АД ЕЛЕМ има обврска да купува електрична енергија при недоволно домашно производство. Од 01.01.2018г. оваа обврска повторно ќе ја преземе АД ЕВН, бидејќи резултатите од оваа година покажуваат дека новопреземената обврска на АД ЕЛЕМ за купување електрична енергија не го намали увозот и цените, туку напротив, ги зголеми во споредба со годините наназад кога увозот го вршеше АД ЕВН, односно од 44,6 €/MWh просечна цена за увоз во 2016г., во 2017г. просечната цена е зголемена на 74,1 €/MWh.

Во продолжение ја приложуваме листата на правни лица со кои АД ЕЛЕМ има склучено рамковни спогодби за набавка на електрична енергија на отворен пазар за покривање на потребите на тарифните и малите потрошувачи.

Исто така, ги повикуваме и другите фирми, кои немаат склучено рамковни спогодби со АД ЕЛЕМ, во следните денови да се обратат до компанијата со цел да склучат такви спогодби, за и тие правни лица да можат да учествуваат на јавната аукција.

Листата на правни лица со кои АД ЕЛЕМ има склучено рамковни спогодби за набавка на електрична енергија

1.  АЛПИК Енергија ДООЕЛ Скопје

2.  ГЕН-И Продажба ДООЕЛ Скопје

3.  ДАНСКЕ Комодитис ДООЕЛ Скопје

4.  ЕНЕРЏИ Деливери Солушнс ЕДС Скопје

5.  ЕФТ Македонија ДООЕЛ Скопје 

6.  ИНТЕРЕНЕРГО Македонија ДООЕЛ Скопје

7.  ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ М ДООЕЛ Скопје

8.  МВМ Партнер ДООЕЛ Скопје

9.  ЕЛЕМ Трејд ДООЕЛ Скопје

10.  ЕНГ Сервице Траде ДОО Скопје

11.  Енергетска Финансиска Група АД Софија – Подружница Скопје

12.  ПАН Интертрејд ДОО Скопје

13.  ХСЕ МАК Енерџи ДООЕЛ Скопје

14.  ПЕТРОЛ – ЕНЕРГЕТИКА ДООЕЛ Скопје

15.  Пауер Енерџи Системи ДООЕЛ Скопје

16.  ЕВН Трејдинг ДООЕЛ Скопје

17.   ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица

18.  ФЈУЧР ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје

19.  ПРОЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје

   

   АД  „Електрани на Македонија“

Можеби ќе ве интересира

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?