Ер Индија е светски рекордер со целосно женски екипаж
Објавено во: Свет 05 Март, 2017
Авиокомпанијата Ер Индија ќе аплицира за Гинисовата книга на светски рекорди бидејќи смета дека го реализирале првиот лет во кој целосно бил ангажиран само женски екипаж, од пилотот и ко-пилотот, стјуардесите, чекингот, па се до тимот на земја.
Тие ќе се натпреваруваат за категоријата на најдолгиот прекуокеански лет кој е реализиран од Њу Делхи до Сан Франциско и доаѓа на неколку дена пред одбележувањето на светскиот ден на жената 8 март.