Ердоган не се откажува од смртната казна, Пучистите мора да се ликвидираат
Објавено во: Свет 16 Април, 2017
Ердоган нема да се откаже од својата намера да ја врати смртната казна со цел да ги казни сите кои се вклучени во јулскиот пуч кога дел од воената команда се обиде да изврши државен удар и да го симне од власт при што загинаа двеста луѓе.
Победата на одговорот „да“ на денешниот референдум во Турција за проширување на претседателските овластувања ќе го отвори патот за враќање на смртната казна во земјата, изјави вчера на митинг шефот на државата Реџеп Тајип Ердоган.
- Браќа, мојата одлука за смртната казна е јасна. Ако биде изгласана во парламентот и дојде до мене, јас ќе ја одобрам и ќе го затворам прашањето. Ако тоа не се случи, тогаш ќе одржиме друг референдум и нашиот народ повторно ќе одлучи, истакна Ердоган.
За уставни измени потребна е поддршка од двотретинско мнозинство во Парламентот, додека за одобрување референдум за определен предлог е потребно мнозинство од три петтини од пратениците, како што е случајот со утрешното гласање.
Турскиот претседател нагласи дека резултатот од гласањето утре ќе биде одлучувачко во врска со натамошниот однос со ЕУ. Турција е кандидат за членство во Унијата, а евентуалното враќање на смртната казна ќе стави крај на шансите за нејзино присоединување