03 Мај, 2024
0.0543

Ердоган со предупредување до САД: „Нема да дозволиме автономија во Сирија“

Објавено во: Балкан 24 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на Турција Реџеп Ердоган упати предупредување до САД дека вооружените сили на Турција нема да дозволат создавање на нова држава на територијата на Северна Сирија. 

„Ние ја предупредивме Америка и други земји да не прават такви планови, ако дозволат можноста за нова држава, ќе стане доста различно и тие ќе биде запаметени со терор, изјави Ердоган за време на посетата во Санлиурфа во југоисточниот дел на земјата. Тој истакна дека тешка судбина ги очекува и оние кои сакаат да се отцепи парче од Турција, и посочи неколку планински региони како Кандил, Тендюрек, Бестлер Дере, населени со Курди, каде воените операции продолжуваат. 

„Ќе им биде тесно таму, ќе направиме од овие места нивен гроб“, се закани шефот на државата и потсети дека напорите на сириската партија Демократска унија се концентрирани како во турскиот југ, така и во северниот дел на Сирија.

„Турција ги наруши плановите на голем број сили во Сирија, што беше причина за активни обвинувања на адреса на Анкара, но ние водиме најефикасна борба против терористите од ДАЕШ (Исламска држава). 

„Поради загубите кои ги толерира ДАЕШ под притисок на Турција, токму Анкара е обвинувана во поддршка на тероризмот. Причината за овие напади е едноставна. Ние ќе ставиме крст на игрите во Сирија. Но зад кампањата за оцрнување на Турција стојат кругови, кои се заинтересирани за дестабилизација на ситуацијата во регионот“, истакна Ердоган и изрази надеж дека проблемите на народите на Сирија и Ирак наскоро ќе бидат заборавени. Тој ја прекори светската јавност за загинувањето на над милион Сиријци.

„Светот ги затвора очите за загинувањето на над еден милион Сиријци. Но заедно со нивните тела, кои останале под урнатините на уништените згради, ние ја погребавме почитта кон човештвото. Повеќе од сè губи исламскиот свет кој рамнодушно го прифаќа процесот на уништување на целиот народ. Муслиманите не треба да се придржуваат кон искривената позиција на Западот, која става капка нафта над човечкиот живот“, рече турскиот државник. Тој истакна дека голем број на надворешни сили се стремат да ја турнат Турција во внатрешен конфликт и ги посочи крвавите терористички акти на ИСИС и курдската ПКК во Турција, искуството за државен удар на терористичкото движење на Фетхуллах Гулен, провокациите со цел да се создаде тензија меѓу локалното население и бегалците како дел од големата цел за авторите на валканото сценарио, кои сепак ќе се соочат со судот.

„Ако од територијата на Сирија се појави и најмала закана за националната безбедност на Турција, Анкара ќе премине кон можна одлучна акција. Во Сирија денеска се во тек негативни процеси. Светската јавност е должна јасно да сфатидека ако се оформи закана во однос на Турција, ние нема да се осврнеме и ќе ги преземеме активни чекори точно така, како што постапив при реализацијата на операцијата „Штитот на Еуфрат“, предупреди уште Ердоган. Во овој контекст тој изрази жалење во однос на стратешкиот партнер САД, кои претпочитаат да соработуваат со единиците на терористите од партија Демократска унија и нејзините вооружени крилја од Сојузот за народна одбрана во Сирија. За жал, Вашингтон инсистира за соработка со терористите, а не со Турција, во рамките на операцијата за ослободување на градот Рака, но ќе видиме што ќе постигнат, посочи уште Ердоган.

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД