09 Мај, 2024
0.0256

Ердоган со закон ќе ја забрани прељубата?

Објавено во: Балкан 27 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна изјави дека сака повторно со закон да ја забрани прељубата. 

Тој вели дека напуштањето на ваквата постапка во 2004-та година поради барањата на ЕУ била погрешна постапка, објави „Хуриет дејли њуз“.

„Мислам дека сега е многу добро време за разгледување на проблемот на прељубата, затоа што нашето општество е во неповолна позиција кога станува збор за моралните вредности“- вели Ердоган. 

Според него, ова е многу стар и широко распространет проблем. 

„Треба поширока дискусија за него. Ние веќе предложивме закон за прељуба во 2004. Во тоа време постапивме во согласност со законите на ЕУ, но тоа беше грешка“- рече Ердоган.

Турција се откажа од криминализацијата на прељубата поради пристапните преговори со Европската унија, која ја критикуваше земјата за скратување на личните слободи на граѓаните.

„Морам да признаам дека погрешивме во тој процес. Сега треба да направиме проценка за подготовка на законот за прељуба и да го разгледаме во пакет со проблемот на злоупотреба“- вели  Ердоган.

Портпаролот на претседателот, Ибрахим Калин, на прес-конференцијата на 21 месецов потврди дека судството размислува за нов закон за прељуба. Инаку, криминализацијата на прељубата е тема на дебата во Турција со децении. Во 1996 година, Уставниот суд го укинал законот за прељуба, според кој жените биле казнувани повеќе од мажите.

Тогаш  мажите биле одговорни за прељуба само ако влезат во долгорочна вонбрачна врска, додека жените биле виновни само по една измама на брачниот партнер.

Можеби ќе ве интересира

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ВУЧИЌ СО ЧЕСТИТКА ДО СИЛЈАНОВСКА - ДАВКОВА: Убеден сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија

ВУЧИЌ СО ЧЕСТИТКА ДО СИЛЈАНОВСКА - ДАВКОВА: Убеден сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ