03 Мај, 2024
0.0249

ЕУ ќе ѝ даде на Турција сѐ што ќе побара, само под еден услов

Објавено во: Свет 08 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Договорот кој вчера го постигнаа лидерите на ЕУ со Турција е најавен како одговор на сите проблеми на Европа со бегалската криза.

Европската Унија ќе и даде се што ќе побара официјална Анкара, но само под еден услов.

Турција ќе треба да ги земе назад кај себе илјадниците мигранти што влегуваат во Европа, а за возврат ќе добие забрзување на членство во Унијата, безвизен режим и дополнителна финансиска помош.

thumbs_b_c_eb689616b3fdb9822bc3776f00768e09

Освен тоа, за возврат, ЕУ ќе прифати илјадници сириски бегалци и ќе ги носи по безбедни рути, далеку од опасните чамци и од рацете на шверцерите.

На Турција ќе и биде дадено двојно повеќе финансиска помош од претходно ветената од 3 милијарди евра со цел да им се помогне на мигрантите кој остануваат во земјата.

Европа, исто така, ќе ја плати сметката за транспортот на бегалците меѓу ЕУ и Турција.

Претседавачот на самитот претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск ќе треба да да утврди колку земји членки на ЕУ се подготвени да дадат пари.

turkey-syria-refugees

Лидерите на ЕУ и Турција го поздравија договорот за интензивирање на соработката за да се намали бројот на бегалците во Грција и се договорија да се видат на 17 март за да ги договорат деталите.

Но, од друга страна голем дел од Европскиот парламент го критикува договорот, а само демо-христијанската група брани некои од одлуките на самитот.

Останатите, како на пример европските либерали, ја критикуваа Европа дека и се „поклонила” на еден авторитарен режим и дека договорот личи на „пазар на кој ќе се продадат европските вредности и принципи”.

Дел од нив беа поумерени, како социјалистите на пример, кои во критиките и сметаат дека договор со Турција мора да има но дека тоа треба да биде соработка а не договор во кој едната страна дава а другата само зема.

Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место