Добивај вести на Viber
Идната недела Европската Унија ќе го стави на дневен ред прашањето за воведување на визни ограничувања од времен карактер за државјавите од земјите на Западен Балкан. Како што пишува весникот „Еу-обсервер“, ќе се разговара за визни ограничувања во Србија, Албанија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Весникот додава и дека веќе има прелиминарен договор со претставниците на земјите-членки од ЕУ направен од страна на преговарачот од Европарламентот, Аугустин Диас де Мер.
Властите на земјите-членки на Унијата исто така на состанокот треба да ги разгледаат предлозите од страна на Европскиот парламент, па доколку бидат прифатени, гласањето за овој предлог-закон ќе се изврши во септември, пишува „Еу-обсервер“