ЕУ ОСНОВА ВОЕН ШТАБ ЗА ОПЕРАЦИИ ВО СТРАНСТВО: Први ангажмани во овие земји!
Објавено во: Свет 06 Март, 2017
EУ го одобри основањето на штабот за свои воени операции во странство, соопштено е денес во Брисел. Ова е договор кој го постигнале министрите за надворешни работи и одбрана на земјите членки на ЕУ.
Со овој договор привремено се отстранети сомневањата дека тој ќе доведе до создавање на таканречена Европска војска.
Германскиот министер за одбрана Урсула фон дер Лејен рекла дека министрите за надворешни работи на земјите на ЕУ усвоиле одлука за „европски команден центар за мисии во странство“.
Шефот на надворешната политика на ЕУ Федерика Могерини рекла дека ова ќе овозможи „поефикасен пристап до постоечките мисии на пружање обука“. Според нејзините зборови ова нема да биде прв чекор во создавање на Европска војска.
Фон дер Лејен рекла дека идејата е членките на ЕУ кои не сакаат да учествуваат директно да можат да имаат набљудувачка мисија.
Британија се противи на овој предлог бидејќи смета дека ЕУ не смее да троши пари на слични работи кои ги прави НАТО, додека Фон дер Лејен го отфрлила тој став, велејќи дека основањето на овој команден центар „одамна доцни“.
Првата мисија на новото тело ќе биде обучување на персонал за ангажман во Демократската република Конго, Мали и Сомалија. Таму веќе постои персонал на ЕУ, но се очекува тие сега да бидат далеку пофлексибилни во донесувањето одлуки на терен.