Еуфорија на плоштад - граѓаните ги пречекаа фудбалерите
Објавено во: Македонија 25 Март, 2022
Голем број граѓани ги пречекаа македонските фудбалери на плоштадот Македонија.
„Не можевме сите да дојдеме, но дојдовме да ве испочитуваме. Имаме уште еден натпревар и ветувам дека ќе дадеме максимум како што дадовме вчера“, изјави фудбалерот Стефан Ристовки пред присутните.
Откако со голот на Александар Трајковски, Македонија ја победи Италија, во вторник ќе игра против Португалија во финалето за пласман на Светското првенство во Катар.
Трајковски со себе ја донесе и топката со која го постигна голот за историска победа. Вели дека и против Португалија ќе го дадат максимумот.