08 Мај, 2024
0.0329

Еуромакс Ресоурцес за Иловица: Гарантираме за безбедноста и здравјето на луѓето

Објавено во: Економија 07 Септември, 2018

Добивај вести на Viber


 „Еуромакс Ресоурцес“, во процесот нема да употребуваат  ниту цијанид, ниту сулфурна киселина, соопшти денеска менаџментот. Велат дека се во постојана комуникација со Владата и дека ќе почекаат на поинтезивни разговори по одржувањето на референдумот. Компанијата концесионер на рудникот за бакар и злато „Иловица-Штука“, тврди дека добива поддршка од локалното население за плановите за работа

„Преку едноставен физички процес ќе произведуваме само концентрат на бакар, кој ќе вклучува мала количина злато. Истиот концентрат ќе биде транспортиран до топилница  во Бугарија, кадешто ќе се произведуваат металите, бакар и злато, изјави Варшан Гоуку, галвен извршен директор на „Еуромакс Ресоурцес“. 

Според Гоуку, надлежните лица од одделот за корпоративна одговорност се постојано на терен и комуницираат со населението, кое во изминатиот период заедно со еколошки организациии организираше протести за отворањето на рудникот.

„Добиваме поддршка од страна на населението, драго им е што се отвораат нови работни места. Драго ни е што во последниот период активно добиваме поддршка во врска со работата,  рече Гоуку, одговарајќи на новинарски прашања на денешната средба со новинари.

Тој дополни дека нивната студија за влијанието врз животната средина, изработена од локални и од глобално реномирани експерти, гарантира за безбедноста и докажува дека ќе нема негативни влијанија врз здравјето на луѓето и животната средина. 

Во одговор на новинарски прашања оперативниот директор на „Еуромакс Ресоурцес“ Патриок Форвард рече дека во процесот на преработка на концентратот нема никави промени и оти содржината од 24 проценти бакар е исплатлива.

Од планираната инвестиција во рудникот во вкупен износ од 340 милиони евра, досега се вложени околу 40 милиони евра. Концесионерот на „Иловица“ очекува реализацијата на инвестицијата да го зголеми БДП за три отсто на годишно ниво, ветува вработување на 500 лица во тек на 20 годишното работење.  Уверува дека ќе плаќа 25 милиони евра даноци годишно, вклучувајќи концесиски надоместоци од три милиони евра во буџетот на локалните општини.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување