30 Април, 2024
0.0272

ЕВЕ КАКО МАКЕДОНИЈА ДОЈДЕ НА ОВА ДЕРЕЏЕ: Професорката Најчевска со четири причини

Објавено во: Македонија 17 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Професорката Мирјана Најчевска образложи четири причини, кои, според неа се причината поради која Македонија е на ова ниво.
„ Ме прашуваат, како тоа Македонија дојде на ова дереџе кога сите во околината на овој или оној начин исчекоруваат напред?

Издвојувам 4 причини кои според мене ја плетат мрежата на неуспехот околу нашата држава.

1. НЕГАТИВЕН КОНТИНУИТЕТ

Ниту една држава не може да се развива доколку не постои континуитет кој обезбедува:

• надградување наместо постојано почнување од нула,

• институционално помнење

• услови да не се повторат или повторуваат грешките од минатото

Во Македонија од самиот почеток на нејзиното осамостојување па се до денес се практикува негативен континуитет

• од системот кој го напуштивме не беше преземена ниту една позитивна работа (солидарност, работнички права, солидна социјална и здравствена заштита, солидно образование, мерит систем, функционална локална самоуправа, професионален правосуден систем, систем на одговорност, партиципативна демократија, ...), а беа преземени сите негативни практики (непотизам, корупција, едноумие, партизација, злоупотреба и уништување на државниот имот, ...)

• секоја владејачка структура влегува во чевлите на претходната и ја проширува и надградува практиката на неодговорност, корупција, крадење на државната сопственост, непрофесионализам, партизација, непотизам, дезавуирање на правосудниот систем, упропастување на образованието, социјалната и здравствената заштита, локалната самоуправа, демократијата, ...

• во структурите на државниот апарат и на раковдни и функционерски позиции доаѓаат најнеспособните и најкорумпираните, и со секоја промена на власт непогрешливо и во континуитет се понеспособни и се покорумпирани“


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање