30 Април, 2024
0.0441

Еве зошто се одбиени барањата за притвор во „Титаник“

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Апелација ги објави одлуките за одбивањето на мерките притвор за обвинетите во случајот „Титаник“. 

Станува збор за Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски.

Во образложението за Груевски стои дека бидејќи на обвинетиот му е одземена патната исправа и службениот пасош и мора секој петок да се јавува во судот, нема опасноста од бегство. 

Можноста Груевски да влијае врз сведоци е неоснована. 

За поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска е наведено дека опасноста од попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците е неоснована. Се дополнува и дека обвинетата подолг временски период не ја врши наведената функција.

Во петокот на јавна седница обвинетите си ги побараа назад одземените пасоши и ветија дека нема да бегаат. Тие се жалат дека судот им определил престрога мерка. Ги оценија обвиненијата на СЈО  како „празни“ и тврдат дека ова обвинителство прави политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ.

Во случајот „Титаник“  СЈО гони поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ за изборни нерегуларности.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање