07 Мај, 2024
0.0243

Еве зошто сте често гладни!

Објавено во: Стил 12 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Нашето тело е во состојба да не увери дека сме гладни и тогаш кога не сме. Препознајте ги на време „виновниците“ поради кои чезнееме за храна дури и кога сме сити.

Ви претставуваме неколку причини поради кои чувствувате глад и кога сте сити:

Дехидрираност

Веројатно не пиете доволно вода па затоа имате чуство дека сте гладни. Затоа не заборавајте на H2O, пишува womenshealthmag.com.

Гледате премногу страници со храна на интернет

Верувале или не, и тоа може да влијае на вашата потреба за храна. Според студијата објавена во публикацијата „Journal of Neuroscience“ сликите на вкусните деликатеси го активираат центарот во мозокот кој праќа пораки дека сме гладни.

Малку спиете

Ако сте хронично ненаспани, на добар пат сте да се здебелите. Истражување од 2013 година покажало дека на луѓето на кои им недостасува сон, почесто посегнуваат по храна.

Внесувате премногу шеќер

Ако сакате слатки работи, би требало да внимавате. Според истражувањето објавено во 2011 лицата кои уживаат во слатките предизвикуваат побавно производство на лептин (хормон кој го намалува апетитот) и го поттикнуваат хормонот грелин ( кој на нашиот мозок му говори дека сме гладни) па поради тоа и повеќе јадеме.

Често излегувате

Не е никаква новост дека премногу алкохол исто така создава чуство на глад, покажува истражување од 2011 година.