03 Мај, 2024
0.1965

ЕВН Македонија ја почна неделата на новогодишни донации

Објавено во: Мои пари 23 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Последната недела во годината, ЕВН Македонија ја посветува на новогодишните донации.  На новогодишните подароци денеска се радуваа деца на семејства во социјален ризик и деца со попреченост. Во соработка со „Црвен крст“ , на децата и семејствата од Скопје, Струмица, Битола, Гостивар, Куманово, Кичево и Штип им беа поделени 500 новогодишни пакетчиња.

Под мотото „Да споделиме радост“, ЕВН и Црвениот крст ги организираа овие хуманитарни настани во повеќе градови низ земјава, а централниот настан се оддржа во Скопје во салата на Домот на хуманитарните организации  „Даре Џамбаз“. Над 200 деца  добија подароци од Дедо Мраз и проследија новогодишна претстава од актерската екипа на Снежана Коневска Руси.

„Соработката на ЕВН со Црвениот крст, вообичаено кулминира за Новогодишните празници. Од гледна точка на најмладите овие мали подароци имаат големо значење, бидејќи без нив празниците не се комплетни. Чинот на дарување нас возрасните не освестува за важноста на улогата која ја играме во светот на децата, а овој свет мора да биде исполнет со љубов и среќа. Децата многу повеќе учат од примерите што им ги даваме преку нашите дела, отколку од тоа што се трудиме да ги научиме со зборови. Затоа, одговорни сме во овој момент да подаруваме, за да ги научиме на љубов и дарежливост. “ рече г-а Ленче Карпузовска, ЕВН Македонија.

Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвен Крст на Град Скопје изрази благодарност до ЕВН, волонтерите на Црвениот Крст и хуманитарните здруженија кои беа дел од овој настан. 

„ ЕВН е наш силен поддржувач во организацијата на хуманитарната акција „Да споделиме радост“. Празниците се моменти кога имаме радост, спокој, кога имаме љубов и дарувања. Токму со денешниот настан сакавме да покажеме дека сите заедно можеме да направиме празниците да бидат убави за секого“,рече г-а Тунева Пауновска.

Во празничната недела ЕВН ќе донира пакети со храна за Македонската православна црква (МПЦ), за Исламската верска заедница (ИВЗ) и Католичката црква за социјално ранливите семејства.

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија