ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ: Компаниите може да забранат шамии и други верски или политички обележја
Објавено во: Свет 14 Март, 2017
Европскиот суд на правдата пресуди дека работодавците можат да им забранат на вработените да носат „какви било политички, филозофски или религиски ознаки“.
Тука се опфатени и шамиите кои ги носат муслиманските жени.
Ова е прва пресуда што се однесува на жените кои носат шамии и работат во институции на ЕУ, каде темата испровоцира говор на омраза.
Високиот европски суд сепак предупредува дека каква било забрана мора да биде заснована на внатрешните правила на секоја компанија со кои се бара вработените задолжително треба да се „облекуваат неутрално“ и не смее да биде под влијание на желбите на клиентите.
Пресудата е поради два случаи од Франција и од Белгија.
Првата тужба ја поднесе жена која работела како рецепционерка, а која е отпуштена во 2006 година од една безбедносна компанија во Белгија затоа што носела шамија.
Во вториот случај, судот оценил дека француската компанија која ѝ дала отказ на инженерка затоа што не сакала да ја симне шамијата, можеби го прекршила европското право, ако компанијата одлуката ја донела врз основа на желбите на клиентите, а не на интерните правила.
Инаку, носењето хиџаб е чувствително прашање и имало повеќе поплаки во последните месеци од муслиманки од европските земји.