ЕВЗОНИ УШТЕ ПОД БЛОКАДА: Грчките фармери не постигнаа договор со владата
Објавено во: Балкан 16 Февруари, 2017
Преговорите меѓу претставниците на грчките земјоделци и владината делегација предводена од вицепремиерот Јанис Драгасакис пропаднаа, пренесуваат локални медиуми.
„Преговорите кои траеја неколку часа не доведоа до никаков резултат“,пишува грчки „Катимерини“. Според изданието „двете страни не постигнаа согласност за даночната политика и социјалното осигурување“.
Грчките фармери продолжија со блокадата на границата со Македонија крај Дојран на граничниот премин „Евзони“. Блокади има и на различни места главно во Северна Грција.
Потсетуваме дека земјоделците не сакаат да им се зголемуваат придонесите за пензии, кои се земаат од нивните приходи, да имаат неоданочливи 12 000 евра годишно и овој неоданочлив праг да се крева со 3.000 евра на дете, како и да купуваат гориво без акциза на вредност до 15 000 евра.