03 Мај, 2024
0.0309

ФАКТИ ЗА ПОЖАРОТ ВО АМАЗОНИЈА КОИ СЕ ШОКАНТНИ: Секоја минута исчезнуваат три фудбалски терени

Објавено во: Свет 26 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Разорните пожари ја доведоа Амазонија близу до точка од која нема враќање. За тоа зошто оваа прашума се претставува како „бели дробови на светот“ и каква е состојбата на терен најдобро кажуваат 15 бројки кои ниту малку не се охрабрувачки.

Иако покрива само еден процент од Земјината површина, Амазонија е дом за 10 отсто од сите нам познати видови, а веројатно и многу кои уште не се откриени, предупреди Светскиот фонд за природа.

Амазонската прашума се наоѓа во Јужна Америка и покрива површина од 5 500 000 квадратни километри. Тоа значи дека повеќе од половина од територијата на Земјата која се наоѓа под прашумата се наоѓа токму во Амазонија.

Дури 16 отсто од кислородот кој настанува на копно се создава во Амазонија.

Таа покрива територија на девет држави. Најголем дел се наоѓа во Бразил (60 отсто) , следат Перу-13 отсто и Колумбија 10 отсто, додека остатокот го делат Венецуела, Боливија, Еквадор, Гвајана, Суринам и Француска Гвајана.

Во Амазонија живеат 33 милиони луѓе , но и 390 милијарди дрвја (околу 16 000 видови дрвја постојат во оваа прашума).

Исто така, таа претставува дом за 420 автохтони видови, 40 000 билни видови, 370 видови рептил.

Бразилскиот истражувачки центар објави дека само оваа година на оваа територија избиле 72 8433 пожари.

Статистиката исто така покажува дека тоа е раст на бројот на пожари од 83 отсто во однос на претходната година. Исто така, тоа е и најголем број пожари откако се мери нивниот број , значи од 2013 година.

Секоја минута поради пожари исчезнува територија под прашумата голема колку три фудбалски терени.

На сателитските снимки кои НАСА ги објави се гледаат размерите на оваа катастрофа која кулминираше деновиве и покрена протести од еконолошки здруженија. Доби и полтичка димензија, како на домашна сцена во Бразил, така и на глобално ниво.

Вчера во борба со огнот тргнаа 44 000 бразилски војници. Ова е најзначајната битка во нивните животи.



Foto: depositphotos/pedarilhos


Можеби ќе ве интересира

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор