28 Април, 2024
0.0287

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Хаосот со превозот во Скопје продолжува, а Онишченко ќе остане без македонското државјанство

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

ПРОДОЛЖУВА ХАОСОТ СО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ

Од Град Скопје велат дека јавниот градски превоз, го организираат органите на локалната самоуправа, а не приватни бизнисмени, политички партии или други интересни групи. 

Во случајов, организацијата на јавниот градски превоз е обврска на градот Скопје и ЈСП Скопје.  Велат дека основна заложба на ова градско раководство е оптимизација на непродуктивните трошоци и пренасочување на тие средства кон проекти од корист за граѓаните. 

„Оттука, градот Скопје и ЈСП во последните шест месеци успеа да оспособи 130 автобуси од флотата на ЈСП со што бројката на градски автобуси се зголеми од 140 активни во овој период минатата година, на 270. На овој начин, граѓаните на градот Скопје добиваат подобра, поефтина, сигурна и стандардизирана услуга. Што се однесува до јавниот повик, истиот ќе биде објавен утре, а се однесува на линиите од кој градот Скопје има потреба - тоа се линиите со бр. 20 и бр. 22. Единствена разлика е во тоа што ниту „Слобода Превоз“ ниту „Макекспрес“ нема да можат да конкурираат една година од денот на раскинување на договорот поради прекршување на одредбите од договорот од нивна страна. Ги повикуваме сите приватни превозници да аплицираат на објавениот јавен повик, индивидуално или преку претставник на група на приватни превозници“, реагираа од Град Скопје. 

ОНИШЧЕНКО ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ МАКЕДОНСКОТО ДРЖАВЈАНСТВО

Владата извести дека на денешната седница одлучи да се поништи одлуката да му се додели македонски пасош на контроверзниот Украинец, Олександр Онишченко, кој се наоѓа на црната листа на САД.

Одлуката е донесена на основа на можноста што ја дава Законот за државјанство на кој се повикува Владата.

„Владата ја донесе одлуката откако го разгледа известувањето од Министерството за внатрешни работи, во кое што се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство, што беше побарано од страна на Владата, на претходна владина седница“, се вели во соопштението.

СИРЕНИ ОДЕКНАА ВО СЕВЕРНО КОСОВО

Српскиот претседател Александар Вучиќ за денешните тензии на Косово, вели добро е што нема жртви. 

Тој од Тирана изјави дека е запознаен со последните случувања на Косово и додаде дека тоа е спротивно на Договорот од Брисел, објавија српските медиуми.

„Не ми е јасно зошто сакаат да прават тензии секоја недела. Не ни претстои лесен период. Остануваме заедно со нашите луѓе во КиМ, но исто така е важно да се обидеме да се договориме за се што е можно со Албанците, да го зачуваме мирот. Се надевам дека Мирослав Лајчак денеска ќе ја има својата улога како и досега“, изјави Вучиќ.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Павле Васкопулос Филипов од партијата на Македонците во Грција „Виножито“ како позитивна ја оценува регистрацијата на Центарот за македонски јазик во Лерин, но вели дека времето ќе покаже во која насока ќе се движи јазичното прашање.

Тројца нови стратешки инвеститори се прогласени деновиве во земјава од Владата, а одлуките за нив се веќе влезени во сила на крајот на минатиот месец.

Најуспешните и најголеми македонски компании водат особена грижа за своите вработени. Како? Изразено преку растот на бруто трошоците за своите вработени во првите девет месеци. Подолу се фактите...

Таа има стан во Скопје од 54 метри квадратни како нејзин личен имот, за кој нема податоци колку чини, а нејзиниот сопруг поседува исто така стан во главниот град на државава, но малку поголем, од 62 метри квадратни. И за него нема податок колкава е неговата моментална вредност.

Универзитетскиот професор Нано Ружин вели дека американскиот тим кој пристигна во Скопје за да ја истражува корупцијата во Македонија е дојден најмногу поради тоа што, како што вели, македонските авторитети се со ограничен капацитет и неефикасни на ова поле.

Заводот за ревизија денеска го објави ревизорскиот извештај за трошењето на градскиот буџет на Град Скопје за 2021 и една од констатациите е дека Забавниот парк кој требаше да го добие главниот град не е никаде на повидок, иако се платени високи суми на пари за 7 реквизити кои скапуваат по царински депоа.

Вардакс, претпријатието кое стопанисува со нафтоводот Скопје - Солун, до Регулаторна комисија за енергетика поднесe барање за добивање лиценца зa повторно да проработи. Во ова претпријатие сопственик од 20 отсто е државата преку претпријатието „Нафтовод“, а поголемиот удел од 80 проценти го има групацијата Хеленик Петролеум.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце