02 Мај, 2024
0.0308

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Игор Пехчевски не го добил лекот трикафта, иако го има на клиниките

Објавено во: Македонија 10 Март, 2023

Добивај вести на Viber

ИГОР ПЕХЧЕВСКИ НЕ ДОБИЛ ЛЕК ТРИКАФТА

Еден од најтешко болните пациенти од цистична фиброза, Игор Пехчевски денеска реагира дека не е меѓу првите осум пациенти кои го добија лекот Трикафта и кои од денеска ќе ја примаат оваа таблетарна терапија.

Тој во својата објава на Фејсбук прашува дали и останатите пациенти ќе го добијат лекот навреме.

СО БУГАРИТЕ И ЕВРЕИТЕ ЌЕ ВЛЕЗАТ ВО УСТАВОТ

Заедно со Бугарите и Евреите ќе влезат во македонскиот Устав. Ова го потврди премиерот Димитар Ковачевски. 

„Јас пред оваа прес-конференција имав состанок со претставници на Кнесетот на израелското собрание. Тие се тука во Владата и во наредните два дена ќе бидат присутни тука по повод одбележувањето на 80-годишнината од сеќавањето на депортираните Евреи од Македонија во логорот на смртта, Треблинка. Се работи за 7.144 Евреи од Македонија, кои од страна на фашистите биле транспортирани и убиени во Треблинка. Тоа се историски факти, не може некој да ги менува тие факти дека фашистите ги транспортирале Евреите во Треблинка. Не може да има дискусија по таа основа. Еврејската заедница кај нас е исклучително значајна заедница. Јас сум кажал, исто така и нашите коалициски партнери, дека при уставните измени и Евреите ќе бидат една од заедниците што сметаме дека треба да бидат дел од нашиот Устав“, рече премиерот Ковачевски. 

ИЛЈАДНИЦИ УКРАИНЦИ СЕ ПРОСТОРИЈА ОД ЗАГИНАТИОТ БРАНИТЕЛ ДМИТРО

Илјадници луѓе во Киев се просторија од својот херој, Дмитро познат како Да Винчи, откако загинал во Бахмут. 

Момчето ја бранело Украина во 2014 година. Но, го ранил тенк, по што пак се вратил на фронтот по три месеци. Загинал во градот Бахмут, а од почетокот на војната водел механизирана бригада. Учествува во војната уште од првиот ден. 

На 30 ноември минатата година, украинскиот претседател Володимир Зеленски го прогласи за Херој на Украина. 

„Тој е еден од оние чиј карактер и храброст засекогаш станаа историја, карактер и храброст на Украина“, изјави Зеленски.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Германскиот голем трговски синџир „Лидл“ ја купил локацијата на „Бриколаж“ од компанијата „Скопски пазар“, дознава Фактор ексклузивно.

Бројот на градежници изминативе пет години паднал под 50 илјади вработени, додека за една година се намалува за 12.622 работници. Ова го истакнаа Иван Пешевски, претседател на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) и Андреа Серафимовски, претседател на здружението за градежништво при Стопанска комора на Македонија. 

Во сегашниот Закон за високо образование, немаме изборност во предметите, ниту на универзитетско ниво, ниту на национално ниво, што е спротивно на болоњските принципи за мобилност на студентите.

МТЕЛ“, компанија ќерка на „Телеком Србија“, која од 2021 година е присутна на македонскиот пазар, го купува телекомуникацискиот оператор во земјава „Неотел“.

Малата скопска шпедиција „Макошпед“, позната по тоа што е голем акционер во „Европа“ и најголем во „Фершпед“ од продажба на недвижен имот лани зеде 3,15 милиони евра. Од нив за кратко време 2,6 милиони евра се книжени како „краткорочни вложувања“. Оваа вест со разочарување ја примија голем број мали акционери кои потајно и  очекуваа да ги огрее сонце и да земат дивиденда....

Објавата на владините претставници дека е издадена деветата еврообврзница, по пропаѓањето на првиот обид поради недостиг на потпис од сега веќе поранешниот министер за правда, предизвика големи полемики во јавноста. Опозицијата критикува дека се издава еврообврзница со висока камата, и дека средствата се трошат непродуктивно, а власта вели издадена е под најдобри услови.

Во годината која беше одбележана како кризна, банкарскиот сектор повторно профитира. Сите 13 банки минатата година ја завршиле со вкупна добивка од 157,3 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народна банка на Македонија, од Билансот на успех на банкарскиот сектор заклучно со четвртиот квартал лани.

Граѓаните на социјалните мрежи и во огласниците продаваат речници, лектири,  стручна литература, стрипови, историски книги. Ако најевтините чинат 50 денари, има и скапи со цени по неколку илјади денари.

Можеби ќе ве интересира

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест