02 Мај, 2024
0.0412

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кастриот Реџепи дојде во Собранието, објасни зошто не се појави за да гласа за недоверба на Владата

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

ПРАТЕНИКОТ РЕЏЕПИ СЕ ПОЈАВИ ВО СОБРАНИЕТО

Самоволно се засолнив на денот на гласањето на доверба на Владата, рече денеска во своето јавно обраќање до јавноста, од Собранието каде што одржа пресконференција, пратеникот Кастриот Реџепи од Беса.

Јас сум мирен и со чиста совест, рече Реџепи пред граѓаните.

„За да нема трачеви и шпекулации, јас, Кастриот Реџепи, сојузник на своите сограѓани, и Албанци и Македонци, и сите кои имаат поглед напред, сојузник на САД и на ЕУ, изјавувам дека самоволно се засолнив на денот на гласањето, со цел да не дозволам на бранот на резултатите од локалните избори, земјата да оди во спротивен правец од она што е моја идеолошка определба. Ова особено во услови кога сојузниците од Брисел и Вашингтон ви велат дека треба да оди земјата напред, а тоа го кажува и моето срце и умот. Сфатрив дека некој мора да пресече во корист на иднината на земјата, а тоа во овој случај бев јас, иако е тешко да се има различно мислење од своите сопартијци“, рече Реџепи. 

Нагласи дека се надева дека ќе преовлада разумот за иднината на земјата, а во таков случај е најбитно да има стабилно парламентарно мнозинство, брза реконструкција на Владата ако е неопходно, но и многу работа. 

ПОЗИТИВНИ СИГНАЛИ ЗА МАКЕДОНСКО - БУГАРСКИОТ СПОР

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека е охрабрувачки тоа што можната нова влада во Бугарија вели оти ни треба нов пристап. 

„Ние ќе го имаме истиот дух на добрососедство, на отвореност и истата желба да најдеме решенија и да тргнеме напред. Ако има и пола од тој дух и на бугарска страна, како што гледаме деновиве, можно е да видиме и пресврт. Дефинитивно нов пристап ќе биде корисен и за нас и за нив“, изјави денеска Шекеринска, по завршувањето на финалната конференција на групата за воена интеграција на Македонија во НАТО.

ЕУ мора да продолжи со политиката на проширување кон Западен Балкан, вели еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. 

Наведе уште една причина зошто проширувањето е важно. 

„Другиот инструмент што го имаме е Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, кој мора да се спроведе колку е можно поскоро“, изјави Вархеји.

Вархеји рече дека по изборите во Софија и во Скопје ќе се направат сите напори за решавање на отворените прашања и формално започнување на пристапните преговори со Македонија и Албанија до крајот на оваа година.

НОВИ 172 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

· Направени се 1.483 тестирања, а регистрирани се 172 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 107, Охрид – 11, Битола – 8, Кавадарци и Штип – по 6, Велес и Струга – по 5, Струмица – 4, Свети Николе и Кратово – по 3, Прилеп, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 2, Куманово, Кочани, Неготино, Ресен, Богданци и Демир Капија – по 1.

· Регистриран e 381 оздравен пациент од: Скопје – 145, Битола – 42, Куманово – 30, Штип – 22, Кавадараци – 21, Велес – 20, Кочани – 18, Крива Паланка – 15, Прилеп – 12, Тетово – 10, Кичево и Берово – по 8, Свети Николе и Неготино – по 5, Кратово и Делчево – по 4, Охрид, Богданци и Радовиш – по 3, Пробиштип, Ресен и Македонски Брод – по 1.

· Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61г, 71г, 72г и 75г) и по едно починато лице од Битола (65г), Берово (63г), Струга (85г), Струмица (65г) и Македонска Каменица (76г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од утринава во центрите за јавно здравје ќе почне да се аплицираат комерцијалните вакцини против сезонскиот грип кои се наменети за граѓаните кои не припаѓаат во некоја од петте ризични групи, а сакаат да се заштитат против сезонската инфекција.

Бугарија на изборите избра нов пат и продолжување на промените.  Новиот мандатар и потенцијален премиер Кирил Петков и неговиот соиграч Асен Василев се надеж и шанса за да се дојде до компромис за решавање на македонскиот спор, но и овој пат треба да бидеме воздражани дека решението  ќе биде брзо.

Есен која ќе се памети. За среќа не по политичките скандали и интриги, туку по историскиот успех на македонската фудбалска репрезентација.

Можеби ќе ве интересира

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад