18 Мај, 2024
0.0298

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови мерки нема, Филипче тврди дека состојбата е мирна

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

НЕМА НОВИ АНТИ КОВИД МЕРКИ

Дополнителни рестрикции не се потребни, ситуацијата е прилично мирна, оценува министерот за здравство, Венко Филипче, нагласувајќи дека ковид центрите се празни и нема никаква оптовареност во болниците. Истакна дека ниту поради омикрон, ниту поради кој било друг сој не треба веднаш да се воведуваат дополнителни рестриктивни мерки.

– Сметам дека сите земји во светот треба да научат да живеат со општите превентивни правила и зголемување на степенот на вакцинација и тоа е излезот од оваа криза. Не може ние за секој еден сој, без разлика на карактеристиките,да воведуваме дополнителни рестриктивни мерки, се до оној момент додека не ја влошува ситуацијата изјави Филипче по денешниот настан во Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир.

Според него, задолжителната вакцинација и мерките за патување и да не се преполнуваат затворените простории се сосем доволни.

НОВИ 119 ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.324 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 87, Битола – 7, Кавадарци – 6, Куманово – 4, Прилеп – 3, Свети Николе и Македонски Брод – по 2, Охрид, Штип , Струмица, Кочани, Струга, Ресен, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 257 оздравени пациенти од: Скопје – 117, Битола – 21, Охрид – 19, Прилеп – 17, Куманово – 13, Кавадарци – 11, Валандово – 10, Струмица – 8, Штип – 6, Ресен – 5, Гевгелија, Крива Паланка и Делчево – по 4, Кочани, Виница и Пробиштип – по 3, Македонски Брод, Велес и Кратово – по 2, Струга, Кичево и Неготино – по 1.

АХМЕТИ ОЧЕКУВА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ СО БУГАРИЈА

Не треба да има предвремени парламентарни избори, затоа што имаме многу задачи за завршување, смета Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интергација (ДУИ). Тој на брифинг со новинарите во Мала Речица рече дека евентуални нови избори ќе водат до нова непредвидливост. 

Ахмети вели дека, иако се пролонгираше решението, тој е оптимист за спорот со Бугарија.

„Јас сум во кампот на оптимисти и очекувам и позитивен епилог по стартот на новата година. Сепак има некои позитивни сигнали, по пролонгирањето, кое беше поради внатрешни работи во Бугарија. Сепак имаа три парламентарни избори за осум месеци, вели Ахмети.

СДСМ ЗАСЕДАВА

Новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски најави фер шанса за сите кои можат да придонесат. 

Не ги делам членовите на стари и на нови, СДСМ е најголема и најсилна партија во државата, вели лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Тој смета дека и сега партијата е обединета.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

38 годишната Александра Иваноска од Прилеп со години изработува новогодишни украси со кои го декорира својот дом. Со текот на годините го усовршувала своето хоби, изработила над 100 украси во различни форми и големини, дел ги чува за себе, а дел ги подарила на роднини и пријатели.

Докторот Андреј Петров, поранешните високи функционери во партијата Игор Ивановски и Леонид Наков, но и професорот Мишко Ралев се дел од личностите кои се враќаат како активни чинители во СДСМ, а се очекува да бидат промовирани на денешниот Централен одбор на партијата.

За само 13.000 денари се грижиме за луѓе кои имаат тежок инвалидитет, луѓе во колички, слепи лица, наши сограѓани на кои им е потребна помошта што несебично им ја даваме, и без која не би можеле да функционираат поинаку, но и овој надоместок што треба редовно да го земаме, еве доцни. 

Новите имиња се уште не се познати, но едно е извесно, дека на стартот на идната година земјава ќе добие нова Влада, повторно предводена од СДСМ. Засега е познато само дека Дмитар Ковачевски ќе биде новиот премиер, како и дека ќе има промени во поголем број министерски позиции.

Има и предизвици, но има и надеж дека годината која е пред нас економијата ќе закрепне и барем ќе се врати на предпандемиските стапки. Бизнисот ги сумира резултатите од годинава што ја оставаме зад нас и крои планови за следната година. Какви се впечатоците и очекувањата, Фактор и оваа година пренесува ставови на познати стопанственици и банкари.

Вкупната рамковна вредност на договорот за набавка на струја за потребите на Царина изнесува 475.000 евра. Како што веќе пишувавме Царина го раскина договорот со „У Повер“ кој беше склучен лани во ноември и цените за мегаватчас струја беа 51 и 63 евра. Новиот договор започнува од 1 јануари и трае до 31 декември 2022 година

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8