04 Мај, 2024
0.0290

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина девојче во битолската болница, родителите обвинуваат за лекарска грешка

Објавено во: Македонија 23 Март, 2023

Добивај вести на Viber

ПОЧИНА ДЕВОЈЧЕ ВО БОЛНИЦАТА ВО БИТОЛА

Семејството на девојчето од Кравари кое почина во битолската болница бара одговорност од лекарите.

„Ќерка ми Јана почина зашто лекарите ѝ дадоа гликоза после што ѝ се крена шеќерот на 19“, вели за „Слободен печат“ Стојче Христовски, од селото Кравари. 

Неговата ќерка почина во битолската болница вчера, на возраст од 6 години.

„Температура немаше кога ја однесовме во болница, туку само претходниот ден па и дадовме сируп, и падна температурата. Ноќта си спиеше. Наредниот ден, матичниот лекар бил втора смена па ја однесовме сабајлето во болница. Сабајлето пред болница, рече дека ја болат ножињата и поврати шлајм на градите. Ми се јави сопругата, не нашла матична па ќе ја носиме во болница. Си влезе Јана во кола со одење, влеговме во болница. Отидовме во амбуланта на детско одделение. Шеќерот и го мереа и беше 9 иако нема дијабетес. Рекоа дека од што повратила, шеќерот и се качил на 9. Во меѓувреме и дадоа гликоза. И рековме на докторката дека шеќерот и е 9, таа рече „нема гајле“. Па и дадоа една инфузија чиста гликоза и тоа го гледаше сопругата која беше во иста соба со чупето“, раскажува Христовски за „Слободен печат“.

Откако состојбата на девојчето се влошила, како што раскажува тој, персоналот го фатила паника. 

ОСМАНИ ДОБИЛ ЗЛАТЕН АЈФОН ВО ЈОРДАН?

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, при посетата на Кралството Јордан, добил златен „ајфон 14“ со дијаманти на крајот на октомври минатата година.

Ова го дознава „А1он“ од високи дипломатски извори, а информацијата вели дека и другите дипломати кои го придружувале министерот добиле подароци - златен накит. Од МНР не ја потврдуваат информацијата веќе три дена.

Османи оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи и иселеништво, Ајман Сафади, како и со министерот за земјоделство, Халид Ал-ханифат, потпишувајќи неколку билатерални договори со оваа земја. Вредниот подарок тој го добил од домаќинот.

БЕРБОК СО ПОВИК ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ

Аналена Бербок, германска министерка за надворешни работи, која денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија, пред пристигнувањето во Скопје порача дека очекува широка поддршка во парламентот за уставните измени и тргање настрана на партиските интереси. 

Таа ќе има средби со државниот врв и опозицијата во обид да им даде поттик на уставните измени со кои Бугарите и други заедници треба да бидат вклучени во Уставот.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Замрзнатите цени нема да ги намалат трошоците, велат граѓаните по одлуката на Владата за проширување на листата на продукти чии цени не смеат да се зголемуваат

Изградбата на интерконекторот за пренос на природен гас до границата со Грција поскапува за 10 милиони евра, дознава „Фактор“. Овие средства ќе се бараат дополнително од меѓународниот кредитор со репрограмирање на долгот. 

Домашните деловни банки и трите приватни задолжителни пензиски фондови на државата и позајмиле 1,84 милијарди евра,  а тоа е 80 отсто од целиот јавен долг на домашниот пазар. 

Македонецот и натаму најмногу сака да штеди во банка. Другите опции за вложување на слободните средства по се изгледа дека за нашите граѓани се уште не се толку атрактивни, како добриот стар орочен банкарски депозит.

За добар квалитет во високото образование предуслов е да се воспостават цврсти релации во триаголникот: високо образование и наука - бизнис сектор – јавни институции, истакнува во денешното интервју за Фактор проф. д-р Билјана Ангелова, Проректор за финансии, инвестиции и развој на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Цени дека потребно е да се стимулира и поддржува создавањето на центри на извонредност и зајакнување на истражувачките и иновативните капацитети кои се клучни фактори на успех за долгорочниот економски развој на земјата. 

Можеби ќе ве интересира

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“