28 Април, 2024
0.0284

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците дискутираа за уставните измени, дел од нив велат промена на Уставот нема да има

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

ДЕЛ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ВЕЛАТ УСТАВНИ ИЗМЕНИ НЕМА ДА ИМА

Уште еден пратеник од власта нема да гласа за уставните измени, тврди пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. 

Тој изјави дека власта бркајќи пратеници во опозицијата, почнала да ги губи своите пратеници.

„Овој билатерален проблем се европеизира. Наместо да ние имаме стандардни услови за Копенхашки критериуми ние треба да се надмудруваме за историски прашања пред 100 или 200 години. Тоа воопшто ова не е европски принцип“, рече Милошоски во интервју за Сител. 

Тој додаде дека Бугарија никогаш досега, до 2020-та година не го поставила прашањето за уставни измени и за внесување на дел од бугарскиот народ.

Пратеник од владејачкото мнозинство е против уставните измени.

Енес Ибрахим, кој е член на Партијата за движење на Турците, а која е дел од владејачката коалиција, преку својот фејсбук профил објави дека втората уставна измена што ја предложи власта, а таа е измена во однос на составот на Комитетот за односи меѓу заедниците, е неуставна.

Пратеникот и претседателот на Левица, Димитар Апасиев денеска на Комисијата за уставни прашања изјави дека никогаш нема да има уставни измени.

ГРУБИ ГО ПОКАЖА СВОЈОТ АВТОМОБИЛ

Првиот вицепремиер Артан Груби пред камерата на Алфа телевизија го покажа автомобилот кој го има наведено во анкетниот лист.

„На мое име е, но ја вози татко ми“, вели Груби во разговор со новинарот.

Тој дури и му понуди и помош на новинарот за купување на половни возила од негови пријатели.

Ако вие имате потреба, јас ќе се обидам да ви помогнам преку мои пријатели да си земете возило за ваши приватни потребни, затоа што сте ми мил и драг и да ви излезам во пресрет како што мене ми излагаат во пресрет“, додаде Груби.

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ЈА ЗАПРЕЛО ПОДДРШКАТА ЗА ИЛИНДЕНСКИОТ МАРШ

Во пресрет на 120-годишнината од големиот македонски празник Илинден, вчера низ улиците на општина Аеродром се одржаа последните подготовки на Илинденската коњаница, која оваа година по 45-ти пат традиционално ќе маршира до Крушево.

На подготовките присуствуваше и градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој напомена дека овие настани кои се од големо значење за македонската култура и традиција, секогаш ќе добиваат поддршка од него и Општината.

„Илинденското востание го означува почетокот на нова фаза во развојот на македонското ослободително движење и има посебно значење во историјата на македонскиот народ. Овој празник не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава и на сите оние кои со своите дела и подвизи трајно се вградиле во овој чин“, напиша градоначалникот Муцунски на својот Фејсбук профил.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Назар Мехмети од Далас, претседател на албанската бизнис дијаспора (ADBN), ја шири деловната мрежа во Македонија со новорегистрирана фирма на адреса на трговскиот центар „Соравиа“.

Македонските работодавачи често укажуваа дека работниците имаат ниска продуктивност.

„Елтех“ Дооел Скопје е фирмата која за 21,5 милиони денари (350.000 евра), го купи движниот имот, односно опремата на ски-центарот Кожуф во стечајна постапка, иако истиот според официјалните проценки вредел 174 милиони денари, или осум пати повеќе, објави Централен регистар.

Познатата финска компанија Алма Кариер дефинитивно станува доминантен сопственик на македонската фирма Вработување онлајн, која, пак, го поседува сајтот Вработување.ком, еден од најпознатите огласувачи на работни места во земјава.

Од денеска граѓанските обврзници на вкупен износ од 23,55 милиони евра почнуваат да котираат на Берзата.

Можеби ќе ве интересира

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба